Оглас бр. 05-970/1 од 29.09.2025 година
Повик за ангажман на надворешен експерт/ка за изработка на Нацрт-национални стандарди и Нацрт-национална програма за превенција на употреба на дрога.
Позадина
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го спроведува проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR).
Проектот има за цел да воспостави одржлив национален систем за превенција, базиран на најдобрите меѓународни практики и научни докази, интегриран во образовните политики и практики. За таа цел, потребно е развивање на два основни документи:
- Нацрт-национални стандарди за превенција на употреба на дрога;
- Нацрт-национална програма за превенција на употреба на дрога.
Документите ќе бидат изработени од надворешен експерт/ка, разгледани од Работната група и доставени до надлежните институции (Министерство за здравство и Министерство за образование и наука).
Предмет на набавка
Изработка на:
- Нацрт-национални стандарди за превенција на употреба на дрога;
- Нацрт-национална програма за превенција на употреба на дрога.
- Вид на договор: услуга
- Место на испорака: Северна Македонија (далечински со координации)
- Период на ангажман: октомври – декември 2025
- Краен рок за испорака: 31.12.2025
Цените треба да бидат изразени во МКД, без ДДВ (согласно правилникот за проекти финансирани со средства од странски донатори).
Задачи на експертот/ката
- Анализа на постојни национални и меѓународни документи и практики за превенција;
- Подготовка на нацрт-национални стандарди за превенција на употреба на дрога;
- Подготовка на нацрт-национална програма за превенција на употреба на дрога;
- Презентација на документите пред Работната група и водење дискусии;
- Ревидирање на документите согласно коментарите и заклучоците;
- Подготовка на финални ревидирани нацрт-документи за доставување до проектниот тим и институциите;
- Соработка со координаторката на проектот и Работната група при ХОПС.
Испораки
- Нацрт на национални стандарди за превенција на употреба на дрога;
- Нацрт на национална програма за превенција на употреба на дрога;
- Ревидирани верзии по дискусија во Работната група;
- Финални ревидирани документи до 31.12.2025.
Сите документи се доставуваат на македонски јазик.
Клучни активности и рокови
| Активност | Опис | Рок за завршување |
| Анализа на постојни документи и практики | Преглед на национални и меѓународни стандарди, програми и релевантни политики | 31.10.2025 |
| Подготовка на први нацрти | Изработка на првичен нацрт на Национални стандарди и Национална програма за превенција на употреба на дрога | 30.11.2025 |
| Презентација и дискусија во Работната група | Презентирање на документите, прибирање коментари и водење дискусија | 15.12.2025 |
| Ревидирање на документите | Усогласување на нацрт-документите со заклучоците и коментарите на Работната група | 25.12.2025 |
| Финална предавање | Доставување на финални ревидирани документи до проектниот тим и институциите | 31.12.2025 |
Потребни квалификации и искуство
Општи барања:
- Завршено високо образование во општествени, образовни или здравствени науки (магистратура или докторат ќе се смета за предност);
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични аналитички, пишувачки и комуникациски способности;
- Искуство во работа во тим и соработка со институции.
Посебно професионално искуство:
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство во развој на национални стратегии, програми или стандарди во областа на јавно здравје, образованието или социјалната политика;
- Докажано искуство во подготовка на документи кои биле разгледувани/усвоени од државни институции;
- Практично искуство во областа на превенција на употреба на дроги, вклучително и дизајн и спроведување на обуки за превенција;
- Искуство со истражувачка работа и авторство/ко-авторство на публикации во областа на јавното здравје, младинската превенција или политики за дроги;
- Завршени обуки или сертификати во областа на политики за дроги и евалуација на програми;
- Искуство со консултативни процеси и мулти-секторска работа (министерства, здравствени и образовни институции, НВО сектор);
- Познавање на меѓународни стандарди и добри практики (UNODC, EMCDDA, WHO) и нивна примена во национален контекст.
Локација и известување
Работа на далечина, со минимум две координации со Работната група (онлајн или во живо).
Експертот известува до:
- Благородна Коцева Симјанов (blagorodna@hops.org.mk; 02/3246-205)
- Сањица Милошевска Даневска (sanjam@hops.org.mk; 02/3246-205)
Надомест и услови на плаќање
Предвиден надомест: 3.400 евра бруто (без ДДВ).
Исплата во рок од 10 дена по финализирање и предавање на документите.
Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо (до 1 страница);
- Релевантни референци и/или линкови од претходно изработени документи.
Апликациите испратете ги на:
- vaskak@hops.org.mk и blagorodna@hops.org.mk
или по пошта на адреса: ул. Луј Пастер бр.23/1-4, 1000 Скопје.
Рок за поднесување: 06.10.2025 година (понеделник), до 10:00 часот.
Рок за разгледување на апликациите: најдоцна до 08.10.2025 година.
Рок за известување на избраниот кандидат/ка: најдоцна до 10.10.2025 година.
Во предмет наведете: „Понуда за Оглас бр. 05-970/1 од 29.09.2025 – изработка на Нацрт-национални стандарди и програма“.
Забелешки
- Според правилата на ЕУ за претпристапна помош, државни службеници и лица вработени во јавна администрација не се подобни кандидати.
- Само избраните кандидати ќе бидат известени за исходот.
- ХОПС го задржува правото да не ангажира експерт доколку не се исполнат очекуваните критериуми.



