Во рамките на проектот „Креативни и едукативни активности за поддршка на деца во мали групни домови и поправни установи во период на самоизолација предизвикана од Ковид 19“ поддржан од УНИЦЕФ канцеларијата во Скопје, финансиран од УСАИД, кој го спроведува ХОПС, објавуваме:
ПОВИК за ангажирање на стручни соработници во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола
Цел: Обезбедување и спроведување активности за доенчињата и малите деца сместени во малите групни домови – Битола
Работни задачи:
- Се грижи за негата, исхраната и правилното одгледување на децата што е доверена;
- Соработува и им помага на мајките при доењето, се грижи за здравствената состојба на бремените жени и самохрани мајки – кориснички на јавната установа, и по потреба ги придружува до болница;
- Се грижи за комплетна хигиена на децата, просторијата, играчките и дидактичкиот материјал;
- Се грижи за здравствената состојба на децата и влијае на психо-моторниот развој;
- Ги придружува децата кои се упатени на специјалистички преглед, матичен лекар, болници, други здравствени установи;
- Влијае на стекнувањето културно-хигиенски навики кај децата;
- Jа подготвува, сервира и им ја дели храната на децата во отсуство на готвач во општа и млечна кујна;
- Мајчински се однесува спрема децата и ги учи децата на концептот на семејство, им дава поддршка на децата со употреба на афирмативни реченици и зборови;
- Континуирано им ја дава препишаната перорална терапија на крајните корисници (децата и мајките), прави инхалации и преврски;
Профил и квалификации:
- Завршено релевантно образование во областа на медицината, социјалната работа, психологија, педагогија, дефектологија;
- Возачка дозвола;
- Познавање на системот за социјална заштита во Република Северна Македонија (права и институции од системот на социјална заштита);
- Познавање на системот на детска заштита во Република Северна Македонија;
- Капацитет за работа под притисок;
- Способност за работа во тим;
- Флексибилност и достапност за работа во различни смени и за време на викенди.
Искуство:
- Најмалку една година релевантно работно искуство.
Времетраење на договор: 3 месеци – со можност за продолжување.
Месечен паричен надоместок: 19 593 мкд – бруто износ.
Заинтересираните кандидати е потребно да испратат своја кратка биографија (CV) и писмо за мотивација на следната е-маил адреса:silvanan@hops.org.mk не подоцна од 30.04.2020 до 16 часот. Лицата кои ќе бидат селектирани ќе бидат поканети на понатамошно интервју.