Во рамките на проектот „Креативни и едукативни активности за поддршка на деца во мали групни домови и поправни установи во период на самоизолација предизвикана од Ковид 19“ поддржан од УНИЦЕФ канцеларијата во Скопје, финансиран од УСАИД, кој го спроведува ХОПС, објавуваме:
ПОВИК
за ангажирање лица за поддршка на работењето на Јавната установа за згрижување деца – Служба за заедничко живеење на деца со нарушено поведение и на Јавната установа Детски дом 11 Октомври, Скопје
Цел: Обезбедување и спроведување активности за децата сместени во малите групни домови.
Работни задачи:
- Помага при вршење прием на корисник на услуги во мал групен дом, воспоставува врска нa доверба и сигурност;
- Го организира секојдневното живеење на корисниците на услуги, работи на создавање здрави животни навики, на осамостојување и стекнување конкретни вештини;
- Води комплетна документација, ги поддржува корисниците во воспитно-образовниот процес, презема чекори за обезбедување нивна здравствена заштита;
- Осигурува дека се почитуваат мерките на Владата во поглед на справување со КОВИД-19;
- Го стимулира и поттикнува интелектуалниот капацитет на корисниците, влијае на развојната динамика на личноста;
- Врши надгледување на дневните активности и рутини на децата;
- Oбезбедувa можности за негување на личните вештини и интереси на децата;
- Oрганизира разни друштвено-рекреативни активности, следејќи ги мерките за заштита
- Обезбедува поддршка за одржување редовен контакт со центрите за социјална работа со цел поттикнување и олеснување на контактот со биолошкото семејство/старателите на детето.
Профил и квалификации:
- Завршено релевантно образование во областа на социјалната работа, психологија, педагогија, дефектологија;
- Возачка дозвола;
- Познавање на системот за социјална заштита во Република Северна Македонија (права и институции од системот на социјална заштита);
- Познавање на системот на детска заштита во Република Северна Македонија;
- Капацитет за работа под притисок;
- Способност за работа во тим;
- Флексибилност и достапност за работа во различни смени и за време на викенди.
Искуство:
- Најмалку една година релевантно работно искуство.
Времетраење на договор: 3 месеци – со можност за продолжување.
Месечен паричен надоместок: 30 470 мкд – бруто износ.
Заинтересираните кандидати е потребно да испратат своја кратка биографија (CV) и писмо за мотивација на следната е-маил адреса: silvanan@hops.org.mk, не подоцна од 30.04.2020 до 16 часот. Лицата кои ќе бидат селектирани ќе бидат поканети на понатамошно интервју.
1 Коментар
Zainteresirana sum za povikot za rabota so decata.