ПОВИК за ангажирање на координатор на активностите при Јавна установа за згрижување деца – “Ранка Милановиќ”

0

ХОПС во соработка со Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ објавува:

ПОВИК
за ангажирање на лице кое ќе ги координира активностите при Јавна установа за згрижување деца – Служба за заедничко живеење на деца со нарушено поведение, Скопје

Цел: Обезбедување и спроведување на активности за група на високо ранливи деца со комплексни емоционални потреби со цел да се рехабилитираат, ресоцијализираат и реинтегрираат во општеството.

Лицето ќе ја координира: Работата со надворешните партнери и институции и ќе овозможува и настојува на тимско работење и координација помеѓу вработените во Ранка Милановиќ.

Работни задачи:

  •  Изработка и ревизија на индивидуалните планови и програми за секое дете заедно со другите релевантни чинители; соодветно ажурирање и мониторирање на плановите и програмите преку редовни дискусии; остварување на континуиран преглед на напредокот во однос на остварување на плановите и програмите;
  •  Надгледување на дневните активности и рутини на децата; поттикнување и организирање на дневни средби помеѓу вработените со цел да се координираат активностите;
  • Обезбедување на можности за негување на личните вештини и интереси на децата;
  • Организирање разни друштвено-рекреативни активности, вклучувајќи и учество на настани и активности во заедницата;
  • Идентификување на ресурсите во заедницата и креирање на партнерства со училиштата, обезбедувачите на услуги, приватните компании, невладините организации итн;
  • Пружање поддршка и одржување редовен контакт со центрите за социјална работа со цел поттикнување и олеснување на контактот со биолошкото семејство/старателите на детето во подготовките за транзиција;
  • изработка на планови за транзиција заедно со другите релевантни чинители.

Профил и квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на социјалната работа, психологија, педагогија, дефектологија;
  •  Возачка дозвола;
  • Добро познавање на системот за социјална заштита во Република Северна Македонија (права и институции од системот на социјална заштита);
  • Добро познавање на системот на детска заштита во Република Северна Македонија;
  • Добро познавање и разбирање на теориите за приврзаност и ефектите од траума, злоупотреба и запоставување, како и нивното влијание на развојот на мозокот;
  • Капацитет за работа под притисок;
  • Способност за работа во тим;
  • Способност да се формираат и одржуваат соодветни односи и лични граници со деца и млади луѓе;
  • Флексибилност и достапност за работа во различни смени и за време на викенди.

Искуство:

  • Најмалку три години релевантно работно искуство;
  • Искуство со работа со деца и млади со сложени емоционални потреби.

Времетраење на договор: 3 месеци – со можност за продолжување.

Месечен паричен надоместок: 35 000 мкд – Бруто износ.

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат своја кратка биографија (CV) и писмо за мотивација на следната е-маил адреса: vanjad@hops.org.mk, не подоцна од 11.08.2019. Лицата кои ќе бидат селектирани ќе бидат поканети на понатамошно интервју.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.