Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, објавува оглас за ангажирање на консултант/-и за евалуација на спроведувањето на Националната стратегија за дроги 2021 – 2025 и Акцискиот план за дроги 2021-2023
Потребни квалификации
- Најмалку 5 (пет) години искуство во работа на теми поврзани со локални и национални политики. Предност имаат кандидати/-ки кои работеле на теми поврзани со употребата на дроги и/или кои имаат правено, самостојно или тимски, евалуации или анализи на локални или национални политики, особено на теми поврзани со употребата на дроги.
- Одлични вештини за писмено изразување и за комуникација.
- Познавање на OS Windows, MS Office, Интернет и социјални мрежи.
- Одлично познавање на македонски и на англиски и јазик (говорен и пишан).
Конкурентски предности
Успешниот кандидат/-и треба: да располагаат со знаења и вештини за подготовка на соодветна методологија за евалуација на Националната стратегија за дроги 2021 – 2025 и Акцискиот план 2021-2023, да располагаат со вештини за анализа на политики и практики, особено на теми поврзани со употребата на дроги, да имаат одлични вештини за писмено изразување и коминикација, да бидат во состојба да дејстуваат тимски, ефикасно да управуваат со својот обем на работа, добро да функционира под притисокот на работните одговорности, да ги почитуваат зададените рокови за исполнување на задачите.
Период на ангажман: 4 месеци септември 2023 – декември 2023 година.
Клучни задачи
- Изработка на методологија за евалуација на Националната стратегија за дроги 2021 2025 и Акцискиот план 2021-2023.
- Спроведување на евалуација на Националната стратегија за дроги за 2021 – 2025 и Акцискиот план 2021-2023.
- Анализа на податоците од евалуацијата на Националната стратегија за дроги за 2021 – 2025 и Акцискиот план 2021-2023.
- Изработка на стручен труд, извештај од евалуацијата на Националната стратегија за дроги за 2021 – 2025 и Акцискиот план 2021-2023, во размер од 15 до 40 страници според стандардите на ХОПС.
- Избор на текст за извршно резиме од евалуацијата на Националната стратегија за дроги за 2021 – 2025 и Акцискиот план 2021-2023, до 4 страници според стандардите на ХОПС.
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Пропратно (Мотивациско) писмо
- Предлог методологија за евалуацијата
- Куса биографија (CV)
- Извештаи/Публикации или список на онлајн адреси од евалуации/анализи на локални и национални политики кои ги спроведувале или во кои учествувале кандидатите/-ките .
Краен рок за поднесување на пријавите: 25 август 2023 година.
Пријавите да се поднесат на следната електронска адреса: hajdis@hops.org.mk и vlatkod@hops.org.mk
Доколку има потреба кандидатите/-ките може да бидат повикани на дополнителен разговор во просториите на ХОПС.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на www.hops.org.mk.
Консултантскиот ангажман се отвора во рамките на проектот „Подобрување на националната политика за дроги во Република Северна Македонија“ спроведуван Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Проектот е поддржан со грант за национална интервенција на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од БиХ, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.