Во рамките на проектот „Развој на капацитетот на системот за згрижување “ (Development of the capacity of the foster care system) поддржан од УНИЦЕФ – канцеларијата во Скопје, кој го спроведува ХОПС, објавуваме:
ПОВИК за ангажирање на еден експерт за изработка на план и испорака на обука на стручни работници во Центри за згрижувачки семејства и Центри за социјална работа, и двајца обучувачи за испорака на обуки според постоечката изработена методологија
Цел: План и спроведување на тренизнзи за стручни работници од Центри за згрижувачки семејства за регрутирање, обука, следење и поддршка на згрижувачки семејства.
Работни задачи за експерт:
♦ Планира и спроведува обуки за стручни работници од Центри за згрижувачки семејства за обука, следење и поддршка на згрижувачките семејства користејќи го Прирачникот со насоки и стандарди за унапредување на процесот на згрижување и други релевантни материјали, а вклучувајќи ги следните елементи:
– Процес на регрутирање, проценка и одобрување на згрижувачки семејства;
– Почетна и континуирана обука на згрижувачките семејства;
– Специфични модули за обука на специјализирани згрижувачки семејства за деца со дополнителни потреби што произлегуваат од возраста, некаква попреченост, проблематично или антисоцијално однесување, или друга специфична потреба;
– Алатки за доставување информации, промоција и регрутирање на згрижувачки семејства;
– Техники и инструменти за оценување, следење и планирање.
♦ Дизајнира план и спроведува обуки за развој на капацитетите за внатрешна организација и функционирање на Центри за згрижувачки семејства, со цел стручните работници да се здобијат со знаење :
– да се обезбеди обука за потенцијалните згрижувачки семејства и постојана обука за активни згрижувачки семејства;
– како да се обезбеди постојана поддршка на згрижувачките семејства, врз основа на специфичните потреби на децата;
– како да се обезбеди психосоцијална поддршка и советување на згрижувачките семејства;
♦ Дизајнира план и спроведува обуки на развојот на капацитетите на стручни работници од Центри за социјална работа за:
– како стручните лица од центрите за социјална работа го подобруваат унапредувањето на згрижувачката грижа, идентификувањето и изборот на згрижувачки семејства и следењето на грижата што ја обезбедуваат згрижувачите, следејќи го развојот и благосостојбата на детето;
– подобра и континуирана комуникација со професионалците од Центри за зргижувачки семејства.
♦ Ја фацилитира работната група за воспоставување на регистар за згрижувачки семејства и предлага услови за нејзиното функционирање (Terms of Reference – ToR).
Профил и квалификации:
Водечки експерт:
♦ Универзитетска диплома од социјална работа, социјална педагодија, психологија, човекови права или друга релевантна област;
♦ Минимум 7 години прогресивно одговорно професионално работно искуство во областа на социјалната заштита;
♦ Практично искуство во испорака на обуки, користејќи пристап наменет за детето и заснован на човекови права;
♦ Завршена обуката за обучувачи за работа со згрижувачки семејства, спроведена со поддршка на УНИЦЕФ во 2020 година;
♦ Експертиза и искуство во областа на децата во државна заштита – познавање на националниот систем за грижа за деца;
♦ Одлични аналитички и пишани вештини;
♦ Течно зборува англиски јазик (усно и писмено).
Обучувачи
♦ Универзитетска диплома по социјална работа, социјална педагпгија, психологија, човекови права или друга релевантна област;
♦ Минимум 5 години прогресивно одговорно професионално работно искуство во областа на социјалната заштита;
♦ Експертиза и искуство во областа на децата во државна заштита – познавање на националниот систем за грижа за деца;
♦ Завршена обуката за обучувачи за работа со згрижувачки семејства, спроведена со поддршка на УНИЦЕФ во 2020 година;
♦ Одлични комуникациски и фацилитаротски вештини;
♦ Искуство во испорака на обуки
Времетраење на проектот : октомври 2021– февруари 2022.
Паричен надоместок: надоместокот се пресметува по ден, за водечкиот ескперт дневницата изнесува 9000 денари (бруто износ), за обучувачите дневницата изнесува 5000 денари (бруто износ).
Заинтересираните кандидати е потребно да испратат своја работна биографија (CV), и писмо за мотивација на следната е-маил адреса: silvanan@hops.org.mk, не подоцна од 04.11.2021 до 16 часот. Лицата кои ќе бидат селектирани ќе бидат поканети на понатамошно интервју.