Во рамките на проектот „Интерсекциска дискриминација во РС Македонија“ поддржан од Цивика Мобилитас, ХОПС како партнер во спроведувањето на проектот, објавува:
ПОВИК за ангажирање на четворица анкетари за споведување на “Прашалник за познавањата на Законот за спречување и заштита од дискриминација”
Цел: Опфатени најмалку 150 испитаници од луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници.
Избраните анкетари за спроведувањето на прашалникот ќе поминат еднодневна обука за новитетите од Законот за спречување и заштита од дискриминација, со посебен осврт на интерсекциска дискриминација.
Потребни квалификации
- Познавање на заедниците на луѓето кои употребуваат дроги и/или сексуалните работници
- Лицето да е ангажирано во ХОПС, или да било ангажирано во ХОПС најмногу 6 месеци пред објавување на повиков, на позиција која вклучува директна работа со ЛКУД и СР
- Потребна е основна писменост
Работни задачи:
- Спроведување на прашалник за познавање на Законот за спречување и заштита од дискриминација;
- Еден анкетар инервјуира од 35 до 40 лица;
Времетраење на договор: 1 месеци.
Месечен паричен надоместок: 12.000 мкд – Бруто износ.
Заинтересираните кандидати е потребно да испратат своја кратка биографија (CV) на следната е-маил адреса: mgligoroska@yahoo.com, не подоцна од 13.10.2021 до 16 часот. Лицата кои ќе бидат селектирани ќе бидат поканети на интервју.
