Во рамки на проектот „ARYSE“ поддржан од Western Balkans Fund Здружение ХОПС Опции за здрав живот Скопје како партнер во проектот распишува: “ПОВИК за ангажирање експерт за развој на документ за политики за пристап до образование на младите во ризик во земјите од Западен Балкан.”
Критериуми/ минимални барања:
- Најмалку 3 години искуство и експертиза (вклучително и практична) во областа на социјалната и детската заштита и/или образовниот систем. Пожелна е претходна работа во слични организации на исполнување слични функции. Одлично познавање на англиски јазик (говорни и писмени вештини).
Обврски
- Искуство во пишување на документ за политика.
Позадина и контекст
Врз основа на досегашното искуство, како и официјалните извештаи на државните и меѓународните институции, апликантите на овој проект заклучија дека многу млади луѓе, особено младите во социјален ризик, се високо маргинализирани и социјално исклучени во земјите на Западен Балкан. Познато е дека пристапот до квалитетно образование е еден од најважните фактори за добивање повисок животен стандард и одржување на квалитетот на живот во идните социјални интеракции. Неможноста да се пристапи до квалитетно образование може да биде штетен за севкупниот социјален развој на младите. Ова не само што значително влијае на изгледите за идно вработување, туку и негативно влијае на менталното здравје и социјалната интеграција. Владите на земјите од Западен Балкан ја препознаа потребата за поинклузивно образование и работеа на интегрирање на специфични целни групи, сепак, резултатите од реформите остануваат ограничени. Младите во ризик не се хомогена група, туку многу разновидна група, при што секој има специфични потреби во однос на нивното образование. Затоа овој проект има за цел да даде одговор како да се подобри пристапот до квалитетно образование, како и да ги поврзе регионалните чинители во споделувањето на нивните искуства во дизајнирањето и спроведувањето образовни реформи кои се однесуваат на младите во ризик.
Во оваа проектна фаза, ХОПС бара експерт за развој на документ за политики за пристап до образование на младите во ризик во земјите од Западен Балкан.
Цел и задача
Истражувачот треба да подготви краток преглед Република Северна Македонија (деск истражување) кој содржи информации за правната и стратешката рамка што го регулира учеството на младите во ризик во образовниот систем. Истражувањето треба да содржи и преглед на големиот реформски процес фокусиран на инклузивно образование и други важни аспекти и промени што треба да се направат. Дополнително, треба да произлезе збир на препораки кој ќе биде важен производ за носителите на одлуки и идните заеднички иницијативи.
Проектот ќе доведе до зајакната соработка меѓу засегнатите страни кои доаѓаат од различни области, вклучително владиниот сектор, граѓанското општество и образованието. Тоа ќе доведе до создавање мрежа на носители на одлуки, практичари и застапници за човекови права во областа на образованието и човековите права, регионално залагајќи се за подобри можности за образование за ранливите популации. Сите политики на документи (од пет земји) ќе бидат поврзани во една публикација, која ќе биде претставена на Регионалната конференција.
Инструкции за документ на политики:
- Преглед на моменталната состојба кога станува збор за образовниот систем во Република Северна Македонија – максимум 1 страница.
- Преглед на главните реформски процеси кои се фокусираат на пристапот до образование на младите во ризик и други важни аспекти – максимум 2 страници.
- Обезбедување алтернативни можности за учење на ранливите млади- максимум 2 страници.
- Збир на конкретни препораки за промени на политиките, со цел да се обезбеди поголема вклученост на младите во ризик – Зајакнување на образовните системи – максимум 2 страници
Технички аспекти:
- Фонт што ќе се користи: Times New Roman, 12, 1, 15 проред.
- За референци и цитат: APA стил
- Клучни испораки и временска рамка:
- Консултантот/ите ќе бидат ангажирани во периодот од 20.03.2023 – 15.04.2023 година.
- Надоместокот за оваа задача е 500 евра (бруто).
Сите заинтересирани кандитати/тки треба да достават професионална биографија и мотивационо писмо најдоцна до 17.03.2023 до 15 часот на e-mail silvanan@hops.org.mk
Апликациите кои не се комплетни нема да бидат земени во предвид при изборот на истражувач.
Избраниот кандидат/тка преку електронска порака ќе биде информиран/а заклучно со 19.03.2023 година.