На 27 февруари 2017 година, СЗО го објави списокот на приоритетните патогени за истражување и развој на нови антибиотици (линк). Меѓу 12-те бактерии, туберкулозата не се споменува. СЗО наведува во соопштението дека “туберкулозата – чија отпорност на традиционалниот третман е во пораст во последниве години, не е вклучена во листата, бидејќи се таргетирани други посветени програми”.
Мрежата за туберколоза од Источна Европа и Централна Азија како и многу други членови на глобалната заедница за туберкулоза, се шокирани и ужаснати од оваа логика. Оваа искривена логика стои зад фактот дека со години ХИВ смртни случаи поврзани со туберкулозата не биле признати како смртни случаи на ТБ.
Даваме поодршка на TBpeople, Партнерстовото за стоп на туберкулозата, Глобалната коалиција на ТБ активисти (GCTA), Алијансата за туберколоза, групата за третман и акција (TAG), Меѓународната унија против туберкулоза и белодробни болести и други групи на граѓанското општество и активистите.
Повик до Светската здравствена организација (СЗО) да се вклучи Mycobacterium Tuberculosis во листата на бактерии, за кои се итно потребни нови антибиотици. #TBonthelist
Потпишете се на петицијата која ја има на овој ЛИНК, и поддржете ги сите борци против туберколоза и белодобрни воспаленија