Јавно-приватно партнерство помеѓу фондацијата на Елена Пинчук – АНТИАИДС Фондација и градот Киев овозможи 1300 луѓе кои живеат со ХИВ во Киев, Украина, да добијат антиретровирусна терапија.
Партнерството е дел од градската програма на Киев – Fast – Track програма каде се овозможува на Киев двојно да ја зголеми покриеноста со антиретровирусната терапија на луѓето што живеат со ХИВ без дополнителни трошоци.
Јавно-приватното партнерство овозможува антиретровирусна терапија да се набави за помалку од половина од претходната просечна цена на лековите во Украина.
Пред потпишувањето на партнерство, програмата за антиретровирусна терапија во Украина била финансирана од државниот буџет и со средства од меѓународни донатори.
„Клучната задача на мојата фондација е да ја спречам епидемијата на СИДА во УКРАИНА.“ – Елена Пинчук