Декриминализацијата на прекршоците за поседување канабис е потребна, за да се ублажи непропорционалното полициско работење со дрога и „хиперкриминализацијата“ на етичките малцинства. -Release
Новиот извештај од добротворната организација за реформи поврзани со дрогите- Release го привлече вниманието на тоа како „искривеното спроведување на законите за дроги го влоши расното профилирање и хипер-криминализацијата на етничките малцинските групи“, како и „оние кои се социо-економски лишени и од други обесправени групи“.
Канабисот во Велика Британија, во моментов е категоризиран како дрога контролирана од класа Б, според Законот за злоупотреба на дроги од 1971 година, што значи дека е нелегално поседување, снабдување или производство на супстанцијата.
Според Release: „Штетите предизвикани од забраната на канабисот се првенствено лоши, полицијата запира и пребарува, надгледува, криминализира, затвора, и овие постапки се штетни за луѓето без разлика дали користат канабис или не.“
За борба против долгогодишните ефекти Release предложи четиринаесет водечки принципи за социјална правичност, кои треба да се интегрираат во идниот легален пазар на канабис. Целосениот список е достапен да се види овде.
На почетокот на годината беше објавено дека градоначалникот на Лондон, Садик Кан, барал нови пилоти врз основа на успешна шема од полицијата на долината Темза, која нудела часови или советување, наместо апсење, на помлади од 25 години фатени со мали количини на канабис.
Објавата тврди дека кривичните или граѓанските санкции за употреба или поседување канабис, без оглед на нивното легално или нелегално потекло, мора да се отстранат за да се осигура дека оние кои се затворени поради казнените политики за дрога не се исклучени од легалниот пазар. Потпирајќи се на нивната евалуација на регулаторните рамки во земји како Северна Америка и Канада, трудот тврди дека „легализацијата на рекреативната употреба на канабис за возрасни не треба да доведе до ситуација кога младите, а несразмерно црнечката младина, сè уште се запираат, претресуваат и апсат од страна на полицијата за поседување канабис“.
„Без заштита за употреба на канабис во јавност, луѓето кои немаат пристап до безбедни и приватни места за пушење, сè уште може да се соочат со полициска интервенција и потенцијално штетни казни. ”
„Промената е неизбежна – канабисот е најшироко употребуваната недозволена дрога во Велика Британија и во светот, и едноставно е премногу профитабилен пазар за политичарите да го игнорираат“, забележува д-р Гариус. „Сепак, мораме да се погрижиме дека канабисот ќе биде правилно регулиран“.