Главна цел на истражувањето беше да се утврди потребата на луѓето кои употребуваат нелегални психоактивни супстанци од услуги за проверка/тестирање на психоактивните супстанци односно да се процени потребата од отворање на програма за проверка на дрогите – Drug checking програма во Северна Македонија.
Европскиот монисторинг центар за дроги и зависност од дроги ги дефинираат програмите кои нудат услуги за проверка/ тестирање на психоактивните супстанци како програми кои им обезбедуваат на лицата кои употребуваат дроги, информации за хемиската содржина на супстанцата која ја поседуваат, како и советување или кратки интервенции.
Приоритетите на услугата варираат и може да вклучуваат собирање информации, намалување на штети од употреба на дроги и рано предупредување.1 Главниот фокус на овие програми е јавното здравје и намалување на штети од употреба на психоактивни супстанци преку анализа на супстанците за откривање на нивната содржина и враќање на резултатите од секоја анализа до корисниците на услуги со намера да му се помогне на корисникот да ја намали изложеноста на ризик без осуда за нивната одлука да употребуваат дрога.
Техниките кои се користат за проверка на психоактивните супстанции варираат: од софистицирана технологија која може да обезбеди информации за јачината и содржината на широк спектар на супстанци, како што се течна хроматографија со високи перформанси до методи кои едноставно покажуваат присуство или отсуство на одредена супстанца, како што се тенкослојна хроматографија и тестирање со реагенси.
Прочитајте го Извештајot од теренско истражување.