Целта на овој документ е да даде преглед на актуелната состојба, на заложбите на надлежните институции и на добрите примери од другите земји на кој начин го воспоставиле системот за идентификување на новите психоактивни супстанции на пазарот и за намалување на штетните последици од нивната употреба, како и да ги утврди можностите за воспоставување на програма за проверка/тестирање на психоактивните супстанции во Северна Македонија. Во Европа, и кај нас, сеприсутен е трендот на зголемена употреба на синтетичките супстанции, иако канабисот сè уште е најчесто употребувана супстанција.1
И последното истражување на ХОПС потврди дека најупотребувани супстанции во текот на последниов месец се: канабис, 74 % од испитаниците рекле дека употребиле канабис во последниов месец, кокаин со 40 %, МДМА (екстази) 30 % и амфетамини во последниов месец употребиле 30 % од испитаниците.2
Прочитајте го Документот за јавна политика тука!