Почитувани,
Сакаме да ве поканиме да учествувате во истражувањето кое го спроведува ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, финансирано од Евроазиската асоцијација за намалување на штети – ЕХРА. Ова истражување е наменето исклучиво за лица кои употребуваат дроги.
Целта на истражувањето е да се утврди потребата од развивање на програми за анализа на составот на дрогите – drug checking во Македонија. Вашето учество е многу важно за нас и за развојот на одговарачките програми. За пополнување на оваа анкета ви се потребни само 5 минути од вашето време.
Сакаме да ве увериме дека вашето учество е доброволно и анонимно. Нема никаков ризик поврзан со вашиот одговор.
Кликнете за прашалникот ТУКА.