Здраво, ние сме креативците од ХОПС, невладина оргнизација чија визија е: „Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба”.
Одлучни сме нашите услуги да ги овозможуваме непречено, квалитетно и успешно. Затоа, решивме да создадеме социјално претпријатие што ќе гарантира исполнување на нашата социјална мисија, притоа, избегнувајќи ја неизвесноста од финансиски кризи.
Имаме знаење, поддршка и ресурси да изработуваме и продаваме модуларни домашни канцеларии во вид на урбана градина кои што, освен работно катче, ќе служат и за прочистување на воздухот и декорација во домот. Сакаме работата од дома да ја направиме пријатна и во што поздрава средина.
Многу ќе ни значи ако одвоите 5 минути од вашето време за искрени, анонимни одговори во врска со производот. Со вашиот инпут ќе ни овозможите да креираме производ кој ќе одговори на потребите на нашите идни потрошувачи, а при тоа ќе помогне да ја оствариме и нашата социјална мисија.
Кликнете ОВДЕ да го потполните прашалникот.
Ви благодариме! <3