Со заминувањето на Сократ Манчев, заедницата и граѓанскиот сектор изгубија еден од
своите најистрајни борци за социјална правда. Сократ беше човек кој со својата стручност
и посветеност ги поврзуваше хуманоста и професионализмот, секогаш ставајќи го
достоинството на луѓето на прво место.
Со него нè поврзуваа децении заедничка работа на реформите во политиките за дроги.
Нашето партнерство беше суштинско во воспоставувањето нови стандарди за третман,
рехабилитација и достоинствена реинтеграција. Бевме на иста страна во уверувањето
дека системот мора да нуди поддршка и инклузија, наместо маргинализација и
казнување.
Неговото знаење и искуство остануваат трајно вградени во борбата за поправедно
општество и за правата на луѓето за кои заедно се залагавме низ годините.
Сочувство до семејството и најблиските. Почивај во мир, Сократ.

