Делегација на Mрежата за Политики на дроги на Југоисточна Европа (DPNSEE), на 21-22 декември 2016 година ја посети Македонија со цел да се стекнат со информации за политиките за дроги во земјата и да ја промовираат мрежата.
Извршниот директор, Милутин Милошевиќ и Тијана Жегура претседател на управниот одбор на мрежата и Танасис Апостолу, основач на мрежата и директор на Диогенис посетија неколку невладини каде ХОПС како домаќин и членка на мрежата ги запозна со стратегијата, визијата и мисијата. Беа посетени дроп ин центрите како и неколку здруженија кои работат на слична проблематика.
Делегацијата направи средба со Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, средби со претставници од канцеларијата на Народниот правобранител, Раководителката на одделeнието за здравство, социјална и детска заштита при Град Скопје. Посетата заврши со средба со Христијан Јанкулоски, претседател и Ана Филиповска, секретар на Национален координативен механизам за ХИВ/СИДА.