Португалија ја декриминализираше употребата на секоја дрога уште во 2001 година. Канабисот, кокаинот, хероинот, со тоа што поседувањето и употребата на мала количина дрога се смета за јавен здравствен проблем, а не за криминално дело. Дрогите се уште се сметаат за нелегални. Но доколку некој е фатен од полиција, додека во себе нсои дрога, тој или таа се испраќаат до три лица т.е комисијата за одвраќање на зависности од дрога, тие личности се адвокат, лекар, социјален работник. Значи лицето или ќе треба да плати само мала казна или да влезе на третман за лекување, но не и казна затвор и кримнално досие.
Со декриминализација на дрогите, употребата на дрога е намалена помеѓу 15 и 24-годишниот население, кое било најмногу изложено на ризик од започнување со употреба на дроги. Исто така, има пад на процентот на населението кое некогаш користело дроги. Меѓу возрасните португалци, забележани се само 3 случаеви на предозираност од дрога на милиони жители. Додека пак во споредба со другите земји овие бројки се поголеми. На пример во Холандија забележани се 10,2% на милиони жители, 44,6% во Велика Британија и до 126,8% во Естонија. Додека пак во Европа овие бројки изнесуваат 17,3% на милиони жители.
Како позначајни забелешки од извештајот е дека употребата на “легални дроги” како синтетичка марихуана, “сол за бањање” и слично, е пониска во Португалија отколку во било која друга земја за кои што постојат податоци. Ова создава едно интуитивно чувство, зошто би се мачеле со лажна трева или со опасен креатор на дроги кога може да се добијат вистински дроги.
Употребата на дроги и смртноста поврзана со употреба на дроги е комплициран феномен. Тие имаат неколку основни причини. Ниската стапка на смрт предизвикана од употреба на дрога во Португалија се препишува исклучиво на декриминализацијата. Како што др. Жоао Гулао кажал: „Многу е тешко да се најде обичен линк помеѓу декриминализацијата сама по себе и позитивните тенденции кои што ги имаме видено”.
Сеуште, јасно е дека декриминализацијата нема тешки последици како што предвидуваа опонентите. Како што вели и Институтот за трансформација на политики за дроги во анализите на португалските закони: „Реалноста е дека ситуацијата со дрогите во Португалија се има значително подобрено во неколку клучни области. Особено инфекцијата ХИВ и смртта поврзана со употреба на дрога се имаат значително намалено ”.
Стапката на ХИВ инфекцијата кај корисниците на дроги е намалена, а со тоа оваа ситуација е проблем кој лесно се менаџира во однос на други земји со високи стапки на ХИВ, како што може да се види на оваа шема од извештајот на Европскиот центар за следење на дрогата и зависности од дрога во 2014 година.
Извори: www.mic.com
www.independent.co.uk