Напорите на Фејсбук за да ги избрише штетните и злонамерните содржини на нејзината платформа стигнаа до европската судница, откако една организација за борба против злоупотребата на дрога во Полска тврдела дека “замрзнувањето” на нејзините Фејсбук страници е кршење на правото за слободен говор.
Иницијативата за политика на дрога на граѓанското општество (Społeczna Inicjatywa Narkopolityki) во Полска, поднела жалба до Окружниот суд во Варшава против Фејсбук поради кршење на членовите 23-24 од полскиот цивилен кодекс, кој обезбедува слободен говор за поединци и организации.
Полската организација вели дека платформата на Фејсбук избришала неколку страници на Фејсбук и Инстаграм за кршење на стандардите на заедницата во 2018 и 2019 година. Организацијата побарала од Фејсбук да ги врати страниците и следачите на истите и јавно да се извини за своите акции. Кога за овој случај бил контактиран за одговор, Фејсбук одбил да го коментира истиот.
Организацијата се опишува себеси како невладина организација од Полска која нуди едукативни активности како би ги запознала луѓето со штетните последици од употребата на дроги, а воедно и им помагала на луѓето кои употребуваат дрога.
Групата била поддржана во своето правно дејство од адвокати кои соработувале про-боно со полска непрофитна организација наречена Паноптикон, која била формирана во 2009 година со цел да пронаѓа случаеви и на истите да им помогне во борбата против технолошките компании онаму каде што верува дека личните права се прекршени.
Оваа организација не се залагала за пристапот “не користи дрога”, туку се фокусирала на концептот за намалување на штети од употреба на дрога. Членовите на оваа организација присуствувале во ноќни клубови, фестивали и на други настани каде што постела можност за користење на дрога. Исто така, нудела методи за тестирање на составот на дрогата и совети за тоа какви дејствија имаат различни видови на дрога.
Фејсбук, кој имал удел во европските регулатори во врска со прашањата како што се нарушување на личната приватност, улогата што ја игра во помагањето на полицијата против злоупотреби во демократските процеси, работи и на подобрување на нијансата на нејзините контроли, со тоа што ќе биде потранспарентна за корисниците кога презема одредени активности како што е исклучување на страници или блокирање на содржини и зошто го прави тоа.
“Се надеваме дека организацијата со оваа постапка против Фејсбук ќе го поттикне порталот да направи понатамошни промени и да го спроведе “посакуваниот процес “, со што ќе ги утврди стандардите и за другите платформи”. – Паноптикон
“Покрај тоа, со тужбата против Фејсбук се стремиме не само да ги убедиме платформите да создадат подобри внатрешни процедури, туку и да ги осигураат корисниците кои не се согласуваат со своите одлуки да може да ги оспорат пред независно, надворешно тело, како што е суд. ” – Паноптикон