Од крајот на 70-тите до почетокот на 2000-та година Португалија доживеа алармантен здравствен проблем меѓу своите граѓани. Во 1974 година, кога диктатурата која владеела со децении дошла до својот крај, Португалија станала срцето на трговија со дрога во Европа, а локалното население почнало нагло да користи дроги. За 30 години, 1% од португалските граѓани биле зависни од хероин, а земјата имала најголема стапка на инфекции со ХИВ на континентот. Проблемот станал толку распространет што повеќето семејства од средна и повисока класа имале најмалку еден корисник на дроги.
Денес Португалија, стои како глобален лидер на политики базирани на докази, засновани на принципот на намалување на штети.
Многу нации се обидувале да го контролираат овој проблем низ историјата, меѓутоа неуспешно. Можете да дознаете за различните методи на кои цивилизациите се справувале со злоупотребата на супстанции преку “Есеи за војната против дрогите“. Во модерната историја, приказната на Португалија е привлечна поради невиденото ниво на успех што го уживаат кога ќе ги земеме во предвид достапните податоци.
Португалија ја декриминализира употребата на секоја дрога уште во 2001 година. Канабисот, кокаинот, хероинот, со тоа што поседувањето и употребата на мала количина дрога се смета за јавен здравствен проблем, а не за криминално дело. Дрогите се уште се сметаат за нелегални. Но доколку некој е фатен од полиција, додека во себе носи дрога, тој или таа се испраќаат до три лица т.е комисијата за одвраќање на зависности од дрога, тие личности се адвокат, лекар, социјален работник. Значи лицето или ќе треба да плати само мала казна или да влезе на третман за лекување, но не и казна затвор и кримнално досие.
Многу економисти го цитираат успехот на Португалија во борбата против употребата на дрога во реформата на законот, но со малку истражување се открива дека има многу повеќе за извонредното достигнување на нацијата.
- Културна реформа
Јавниот поглед на поединците во општеството кон луѓето кои користат дроги се префрлило кон грижа и емпатија. Општеството станало свесно за проблемите со кои се соочуваат луѓето со зависноста, благодарение на програмите за свесност. Прочитајте го есејот “Study Driver ” да се запознаете со некои од овие неповолни влијанија. Знаењето е клучно за да му се помогне на општеството да разбере како да се обезбеди потребната грижа за луѓето кои употребуваат дрога.
- Доделување на повеќе средства на здравствените сектори
За да ги поддржи своите политики за дроги, португалската влада исто така го зголемила своето финансирање во здравствениот сектор. Тие создале и подобри социјални програми и програми за реинтеграција за да им помогнат на лицата кои користат недозволени супстанции.
- Подобри стандарди на живеење
За време на периодот на спроведување на политиките за декриминализација на дрогите во Португалија, владата вовела и друг пакет во општеството, Portuguese wellness state. Оваа одлука одиграла клучна улога во постигнувањето на успехот на нацијата, бидејќи граѓаните сега имале минимален приход и подобар животен стандард.
Дел од другите придобивки со декриминализацијата на дрогите:
- Намалена употреба на дрога кај тинејџери и млади возрасни лица
- Намалена стапка на употреба на дрога кај општата популација
- Намалена стапка на нови ХИВ инфекции кај луѓето кои употребуваат дроги
- Пониски стапки на смртни случаи поврзани со дроги
- Пониски стапки на криминал поврзани со дрога и намалена популација во затвори
Заклучок
Многу критичари стравувале дека декриминализацијата на дрогите во Португалија ќе доведе до брзо зголемување на злоупотребата на супстанции, но по две децении се докажува спротивното. Португалија го должи својот успех благодарение на создавањето на свест, поддршката на здравствениот сектор и економијата на социјалните реформи, подобрувањето на животниот стандард и постоењето на општество што прифаќа и е подготвено да им пружи помош на луѓето кои употребуваат дроги.