Бројот на смртни случаеви кај корисниците на дрога е 100 пати поголем во Велика Британија отколку во Португалија. Скоро една третина од предозирањата со дрога во Европа, се регистрирани во Велика Британија. Забележано е зголемување од 26% на смртните случаеви кај луѓе кои што користат дроги и кои што конзумираат алкохол од 2016 година.
Во Португалија, дрогата е декриминализрана, па поседувањето на дрога не е казниво со казна затвор или со отворање на криминално досие, додека во Велика Британија може да добиете казна затвор и до 7 години за поседување на првокласна дрога како што е МДМА, кокаин и/или хероин.
Бидејќи зависноста е болест, а оние кои што се борат со некаква зависност заслужуваат да добијат најсоодветна помош, казнувањето доведува до зголемување на бројот за затворениците и зголемување на смртната стапка. Во Португалија казната за поседување на дрога е добивање на повеќе информации во врска со зависноста или пак испраќање на програма за соодветен третман за дроги. Смртните случаеви од дрога во Португалија се со најниска стапка во Западна Европа.
Законот за злоупотреба на дрога од 1971 во Велика Британија, вели дека дрогата е нелегална според медицински и научни истражувања и е штетна по здравјето на луѓето, и нема намера да воведува некакви законски измени во однос на декриминализација бидејќи сметаат дека исто така влијае и на нарушување на семејните односи, кражбите, сиромаштијата.