Од јули оваа година полицијата на Западен Мидлендс, станаа првите полициски сили во Велика Британија кои администрираат налоксон спреј. Сите нивни полициски службеници во центарот на градот ќе бидат обучени како да користат налоксон. Причината за овој потег е тоа што во Бирмингем на секои три дена умира по еден корисник на хероин.
Во август, Канцеларијата за национална статистика објавила дека во 2018 година во Англија Велс, се случиле 4.359 смртни случи од предозирање со дрога, што е највисока цифра од почетокот на евиденцијата во 1993 година. Повеќе од половина од смртните случаи биле предизвикани од хероин во форма на опијат.
Употребата на налоксон во некои земји е во широка употреба, што не е случајот кај нас во Македонија. Додека во Бирмиген во некои затвори се дава на затвореници кои се корисници на дроги, но истовремено се и обучени да администрираат на други луѓе. Оние затвореници кои се обучени носат жолти ленти на раката. Овој чекор сепак е прогресирање, поради тоа што додека се случува предозирање, полицијата не мора повеќе да ја чека брзата помош, а со тоа бројката на спасени животи е поголема.