ПОКАНА
За учество на МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МОДЕЛИ ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ДРОГИ
18-19.11.2020, 11.30 часот, оналјн ZOOM платформа
Почитувани,
Коалиција Маргини и ХОПС организираат Меѓународна конференција за модели за регулирање на дроги. Конференцијата ќе се одржи на 18ти и 19ти ноември 2020 година, онлајн – преку интернет платформата ZOOM, во форма на панел дискусии и експертски презентации.
Kонференција има за цел да иницира дискусија за моделите за регулирање на дрогата како почетна точка за декриминализација на личната употреба на дрога во Северна Македонија. Конференцијата ќе ја претстави новата публикација: „Декриминализацијата на дрогите како основа за хумана и ефективна политика за дроги – Анализа на португалскиот и холандскиот модел на декриминализација“, како два модела од кои македонските носители на одлуки можат да научат и да започнат дискусии за можниот македонски модел за регулирање на дрогите.
На првиот ден, свои воведни обраќања ќе имаат: Министерот за здравство – Венко Филипче, Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, Извршната директорка на Фондација Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова Пановска, адвокатката и правна советничка од Коалиција Маргини Наташа Бошкова, а на вториот ден воведно обраќање ќе имаат: Министерот за правда Бојан Марициќ, Daniel Wolf, Директор на Меѓународиот развој на програмите за намалување на штетите (IHRD) во рамките на Програмата за јавно здравје при Фондациите Отворено општество – Њу Јорк, како и Извршната директорка на ХОПС – Хајди Штерјова Симоновиќ. На конференцијата како говорници ќе земат учество странските експерти како: João Castel-Branco Goulão од Генералениот директорат за зависнички однесувања и зависности (SICAD), Португалија, проф. д-р Tomas Zabransky, Универзитетски професор од Чешка, Hans Abma, постар советник за политики,
Меѓународна соработка во областа на криминалот при Министерството за правда, Холандија, Thomas Zosel, Главен инспектор за криминал, превенција од дрога и продажба (Е4), Полициска станица Франкфурт, Германија. Конференцијата ќе вклучи домашни експерти од одредени институции (полиција, судство, здравство, претставници на извршна власт, политичари, граѓански организации, членови на заедницата) во дискусија околу тоа што можеме да сториме понатаму во Северна Македонија за да развиеме похумани политики за дроги. Првиот ден се планира конференцијата да биде фокусирана на здравствените и социјалните придобивки од декриминализацијата, а вториот ден ќе се стави акцент на декриминализацијата на дрогите и улогата на кривично правниот систем. На Конференцијата ќе има обезбеден превод на англиски и македонски јазик.
За да учествувате на конференцијата задолжително треба да се регистрирате на следниот линк (како би можеле да ви испратиме покана за ZOOM платофрмата на вашата е-маил адреса). Рокот за пријавување на конференцијата е 16.11.2020 до 17.00 часот.
Би ни било чест и задоволство доколку го потврдите Вашето присуство на конференцијата.
Конференцијата се организира во партнерство на организациите ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини, а е дел од пректот на Коалицијата Маргини: „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, и дел од проектот ХОПС „Унапредување на човековите права на сексуалните работници и луѓето кои употребуваат дроги во Северна Македонија / Институционална поддршка 2020“, и двата поддржани од Фондација Отворено општество – Македонија.
АГЕНДА
18.11.2020 Прв конференциски ден
11.30 – 12.00 Воведни обраќања Венко Филипче, Министер за здравство (да се потврди) Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална политика
Фани Каранфилова Пановска, Извршна Директорка – Фондација Отворено општество – Македонија Наташа Бошкова, адвокатка и правна советничка – Коалиција Маргини
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: Кои се здравствените и социјалните придобивки од моделите на декриминализација?
12.00 – 12.30 Влатко Деков, експерт за политики за дроги, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје: Декриминализацијата на дрогите како основа за хумана и ефективна политика за дроги, Анализа на португалскиот и холандскиот модел на декриминализација, 12.30 – 12.50 João Castel-Branco Goulão, Генерален директорат за зависнички однесувања и зависности (SICAD), Директор, Португалија 12.50 – 13.10 д-р Дарко Костовски, психијатар, Клиника 8ми Септември, Скопје 13.10 – 13.30 Проф. Д-р Tomas Zabransky, Универзитетски професор, Чешка 13.30 -14.00 Прашања и дискусија
19.11.2020 Втор конференциски ден
11.30 – 12.00 Воведни обраќања Бојан Маричиќ – Министер за правда Daniel Wolf, Директор на Меѓународиот развој на програмите за намалување на штетите (IHRD) во рамките на Програмата за јавно здравје при Фондациите Отворено општество – Њу Јорк Хајди Штерјова Симоновиќ, Извршна директорка – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: Декриминализација – улогата на кривично правниот систем 12.00 – 12.20 Hans Abma, постар советник за политики, Меѓународна соработка во областа на криминалот, Министерство за правда, Холандија
12.20 – 12.40 Thomas Zosel, Главен инспектор за криминал, превенција од дрога и продажба (Е4), Полициска станица Франкфурт, Германија 12.40 – 13.00 Ана Гоговска Јаксимовска, Јавна обвинителка во Основно Јавно Обвинителство, Скопје 13.00 – 13.20 Дарко Јагуриноски, Биро за јавна безбедност, Главен Инспектор во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога 13.20 – 13.40 Жарир Симарин, претставник од заедницата 13.40 – 14.00 Прашања и дискусија
14.00 – 14.15 Заклучоци, препораки и затворање на конференцијата
Лице за контакт: Елена Петровска Коалиција Маргини
elena.coalition@gmail.com 075 207 187