Дали имаш помеѓу 18 и 35 години и посетуваш клубови, журки и фестивали? Ако да, ти ни требаш, ХОПС во партнерство со Регенерација од Србија и Удруга Тера (Ријека, Хрватска) започнува со проектот “Млади за млади, заедно да работат” кој за цел има зголемување на капацитетите и компетенциите на регионалните младински организации што работат со млади кои учествуваат во ноќниот живот и/или користат психоактивни супстанци, односно млади во ризик и маргинализирани или ранливи групи на млади за партиципација во младинските политики и застапување и реформи во јавните политики.
За да ги креираме вистинските и правилните програми, да создадеме квалитетни и прилагодени услуги, и да предложиме корисни промени во јавните политики, ни треба увид во твоите искуства, познавања, ставови и мислења!
Само со твоите одговори за потребите и однесувањето на младите кои се дел од ноќниот живот ќе можеме да ги креираме услугите и политиките кои ќе бидат по мерка на младите. Доколку сакаш да се вклучиш, допринесеш на оваа многу важна тема и со нас да ги споделиш твоите потреби и идеји, пополни го овој овој прашалник.
Со нетрпение ги очекуваме твоите одговори за заеднички да почнеме да работиме на безбедноста кај младите кои учествуваат во ноќниот живот!
Проектот е финансиран со средства на Европската Унија. Изнесените ставови и мислења се ставови и мислења на авторот и не мора да се усогласени со ставовите и мислењата на Европската Унија или Европската извршна агенција за образование и култура ( EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да се сметаат за одговорни за ставовите и мислењата на авторот.
#младизамладедазаедноработат #byyouthforyouth #BYFY #erasmus+