Доста се ветувања и неодговорно однесување кон граѓаните. Социјалната заштита се однесува на сите нас, а ставањето крај на сиромаштијата е политичка одлука!
Затоа ве покануваме на 14.03.2019 година со почеток во 10.00 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, каде што МППС ќе одржи прес конференција и ќе упати дирекна порака до Законодавниот дом за итно ставање на дневен ред и изгласување на новиот закон за социјална заштита и детска заштита.
Дојдете и покажете ја вашата поддршка за итно отпочнување на социјалната реформа!