Почитувани,
Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме на нашиот добротворен настан кој ќе се
одржи на 01.06.2019 во BackYard Lounge Bar & Kids Area, локал во центарот на Скопје.
Како сведоци на чести настани со насилство и фемицид, сакаме да го искористиме овој настан и
да го потенцираме проблемот на насилство врз жените кориснички на услуги на ХОПС да и
повикаме на емпатија, поддршка и гласност.
Oрганизираме најразлични активности преку кои сакаме да собереме средства за едукативна
поддршка на нашите клиентки со цел препознавање на своите права, нивно охрабрување во барањата за заштита, особено кога биле жртви на различни форми на насилство, пријавување на прекршувањата и барања за институционална и судска заштита.
Денот ќе го започнеме со турнир во мал фудбал, базар на ракотворци и предмети изработени од
клиенти на ХОПС, тивка аукција со дела, книги и ваучери од нашите поддржувачи, креативни
работилници за деца, дискусија со психолог и педагог на тема “Отвараме очи за да го видиме
насилството”.
Настанот ќе го збогати промоција на изданието на мандали за возрасни на Симона Манчевска.
Вашето присуство и Вашата донација ќе помогнат да обезбедиме средства за континуирано одржување на едукации за клиентките на ХОПС за правна поддршка во текот на целата година.
Доколку не сте во можност да бидете дел од овој настан, а сакате да не поддржите можете да
донирате на нашата жиро сметка:270000000137627 – Халкбанк – АД Скопје со назнака: за настан „Која пудра најдобро покрива модрици? “
Во прилог на поканата е приложена агенда на настанот .
Настанот е поддржан од Фондација Отворено Општество -Македонија.