По повод Светскиот ден на СИДА, „Заедно пислни“ нѐ канат на добротворен настан за подигнување на јавната свесност и прибирање на средства „ПОГЛЕДНИ ОД МОЈА СТРАНА“. Настанот го организира Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, во склоп на активностите за одбележување на Светскиот ден на СИДА, а ќе се одржи во MKC Club & Restaurant на 1 декември 2017 во 20:00 часот.
Овогодишната кампања водена од ЗАЕДНО ПОСИЛНИ со партнерите е целосно развиена од заедницата на луѓе што живеат со ХИВ во Македонија. Целта на нашата кампања е да се подигне јавната свесност во Македонија дека ХИВ денес е состојба која релативно лесно се третира благодарејќи на антиретровирусната терапија којаштоим овозможува на луѓето со ХИВ да имаат здрав, квалитетен и долг живот.
Настанот за одбележување на Светскиот ден на СИДА ќе вклучи кратки пригодни обраќања и музички настап на гудачки квартет на Пламенка Трајковска. Ќе присуствуваат високи претставници на Владата на Република Македонија и на дипломатскиот кор, јавни личности и претставници на бизнис заедницата и на граѓанскиот сектор.
Средствата собрани за време на настанот ќе придонесат за одржување на редовните активности за поддршка на лица со ХИВ во неповолна социјална положба, а кои вклучуваат покривање на патни трошоци за редовно подигнување на терапијата и редовна здравствена проверка (единствено достапни во Скопје), скромна месечна поддршка во основни прехранбени и хигиенски производи, како и за итни здравствени потреби.
Да погледнеме од другата страна и да донираме!