Веќе четврта година, DPNSEE ја координира глобална кампања за застапување Поддржи. Не казнувај!, повикувајќи се на подобри политики за дроги кои даваат приоритет на јавното здравство и човековите права. Целите на кампањата се промоција на реформи во политиките за дроги и промена на законите и политиките кои го попречуваат пристапот до интервенции за намалување на штети.
Оваа година DPNSEE организираат поголема кампања, чиј фокус е обезбедување одржливост на услугите за луѓе кои користат дроги во југоисточна Европа, оние кои се под закана дека ќе бидат маргинализирани како последица на појава на коронавирус.
Одборот DPNSEE одлучи да организира регионална кампања користејќи ги социјалните медиуми за ширење на пораките. Подготвени се 20 пораки со комбинација на цитати од говорите на Кофи Анан и соодветни фотографии, подготвени за употреба на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Тие ќе бидат објавени во текот на јуни до 26 јини 2020 година.
Пораките се преведени на различни јазици. Засега, 14 организации од 8 земји објавуваат и споделуваат слајдови меѓу нив и ХОПС.