Нашите пријатели од Психоделичкото здружение на Холандија (ПСН) имаат потреба од поддршка за финализирање на 1-виот круг на пласибо-контролирани двојно слепи студии за микродозирање во Амстердам!
Што е микродизирање?
Консумирање мала количина на психоделична супстанција (околу 1/10 од рекреативната доза) за да се зголеми расположението и перформансите. Овој тренд стана неверојатно популарен меѓу професионалци во креативните индустрии (особено Силиконската долина) и кај оние кои бараат алтернативни третмани за депресија, анксиозност и АДХД. Меѓутоа, со оглед на тоа што насловите на медиумите сè повеќе ја возбудуваат употребата на микродизори, нема научни докази за поддршка на овие анегдотски тврдења.
Зошто ни е гајле и што правиме?
Мисијата на ова психоделичко здружение на Холандија е да се залага за одговорна и добро информирана употреба на психоделиците. За жал, истражувањата за овие супстанции сè уште се ретки – стигмата продолжува да се провлекува во академските и финансиските институции. Со микродзирањето стануваат се повеќе популарни анегдоти за висок потенцијал за третман за различни ментални нарушувања, ПСН сака да воведе отворена дискусија и соработка помеѓу психоделичната и научната заедница.
Затоа бараат поддршка за овие испитувања, кои ќе овозможат да се стекне основно разбирање за ефектите на микродозирањето. Долгорочната цел е да се организираат клинички испитувања со популации кои страдаат од депресија и анксиозност.
Повеќе за самиот повик за поддршка ТУКА.