Употребата на дроги во современото општество може да се разгледува како културолошки но и како медицински, социјален и економски феномен кој бара интервенции на повеќе нивоа: креирање на сервиси, програми и политики кои ќе ги вклучат сите аспекти поврзани со употребата на дроги, превенција, лекување, намалување на штети од употреба на дроги, ресоцијализација и рехабилитацијa.
ХОПС повеќе од дваесет години развива програми за намалување на штети од употреба на дроги, а од 2014 година отвори и Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација на корисни на дроги и нивни семејства.
Целите на програмата опфаќаат здравствена и психолошка поддршка, социјална и економска поддршка, правна поддршка, и нивно зајакнување за застапување за сопствените права и интереси.
Програмата за намалување на штети од употреба на дроги има повеќе сервиси и се достапни во дроп ин центрите или на терен.
Сервисите за корисници на дроги се сервиси со низок праг, не е потребна никаква документација, анонимни и доверливи, бесплатни, и достапни во еден дроп ин центар. Програмата започнува во 1997 година за превенција на ХИВ и други крвно и сексуални преносливи инфкеции преку размена на прибор за инјектирање и дистрибуцаија на кондоми и печатени материјали, здравствена поддршка преку базичен третман на рани од долготрајно и неправилно инјектирање и социјална поддршка. Увидената потреба од правна поддршка ХОПС ја овозможува од 2005 година. Согласно потребите на корисниците и можностите, сервисите се надградуваат, па денес достапни се и ХИВ советување и тестирање, креативни работилници за креативно изразување.