Од мај годинава, во соработка и со поддршка од Општина Центар, ја продолжуваме мисијата за обезбедување бесплатни и лесно достапни социјални сервиси за граѓаните. Нашата цел останува иста: вистинска грижа за менталното здравје, зајакнување на личните капацитети и создавање средина без стигма.
Што нудиме?
– Стручна поддршка на едно место:
Индивидуално и групно советување со психолог и психотерапевт, психијатриска поддршка, помош од социјален работник во процесот на ресоцијализација, како и правна помош за остварување на вашите права.
– Поддршка за семејствата:
Советување и насочување за родители и членови на семејства кои минуваат низ специфични предизвици.
– За младите – дијалог, креативност и превенција:
Отворени дискусии за менталното здравје, креативен конкурс, јавен настан и онлајн советување за сите кои претпочитаат дигитална комуникација.
Секој човек заслужува пристап до заштита, доверба и можност за личен развој.
Тука сме за вас:
Ако ви е потребна поддршка или сакате да се вклучите во младинските активности, пишете ни во порака на нашите социјални мрежи, јавете се на 072272818 или посетете нè на ул. Коста Кирков бр. 16.
