Интернационалната студија за МДМА и ПТСД открила дека над половина од пациентите немаат симптоми за ПТСД по само две сесии психотерапија придружена со МДМА.
МДМА е на чекор до одобрување од ФДА.
Интернационалната студија предводена од Универзитетот во Британска Колумбија открива дека од 72 пациенти со ПТСД, дури 54% ги губат симптомите на ПТСД по само две или три сесии психотерапија со помош на МДМА.
Пациентите со помош на МДМА минале осумчасовни сесии на месечно ниво, а дозата која што ја примале за време на сеансите се движела од 75 до 125 милиграми МДМА.
Истражувачите заклучиле дека оваа дрога е безбедна и изненадувачки ефикасна за да им помогне на пациентите кои што страдаат од посттрауматско растројство. Неодамнешните студии покажале дека оваа дрога ги поврзува деловите на мозокот поврзани со страв и вознемиреност.
Студијата, објавена во Психофармакологија, собирала податоци од 2004 до 2017 година, што ја прави најдолгата студија за медицинските ефективности на МДМА. Клиниките кои што учествувале биле со седиште во САД, Канада, Израел и Швајцарија.
„Премногу луѓе кои страдаат од ПТСД се борат да најдат ефикасен третман и употребата на МДМА во придружнба на обучени професионалци за ментално здравје може да биде важен додаток на нашите опции за лекување“ – Зак Волш, професор по психологија на Универзитетот во Британска Колумбија и коавтор на студијата.
МДМА, честопати е продавана како клубска дрога „екстаза“ или „моли“ и дава ветување како една од единствените ефективни фармацевтски третмани за посттрауматско стресно нарушување. Во моментов, не постојат лекови за ова нарушување, иако лекарите често препишуваат дроги кои предизвикуваат зависност како опиоиди и бензодиазепини за да помогнат во контролата на некои од симптомите, кои вклучуваат депресија, агресија, несоница, параноја и социјална изолација.
Според Министерството за ветерани на САД, 8 милиони Американци се борат со ПТСД. Една од 10 жени и еден од 25 мажи добиваат симптоми на посттрауматско нарушување за време на нивниот живот. Лицата кои страдаат од ПТСД се изложени на 5 до 13 пати поголем ризик од самоубиство од оние без ПТСД.