Во текот на 2019 година ХОПС во соработка со Одделение за превенција при секторот за внатрешна работа Скопје (во понатомшниот текст СВР) продолжи заеднички да работи во превенирање на насилството врз сексуалните работници. Имено, оваа година во склоп на проектот „Заштита на сексуалните работници од насилство и трговија со луѓе“, кој е дел од проектот „Стратешко партнерство за промени: Препознај, почитувај и остварувај права!“, спроведуван од здружението Отворена порта и финансиран од Европска Унија, организирани се шест едукативни работилници со сексуални работници на тема „Трговија со луѓе“. На работилниците учествуваа вкупно 35 сексуални работници, кои споделуваа лични искуства и проблеми со кои секојдневно се соочуваат во текот на нивната работа. Работилниците ги одржаа правната советничка на ХОПС Маргарита Глигуроска и инспекторката Катерина Ашикова Стојкова од СВР Скопје, кои ги подучуваа присутните за елементите на трговија со луѓе, за мехнизмите за заштита од трговијата со луѓе, како и за клучните разлики помеѓу сексуалната работа и трговијата со луѓе.
Претходно, во текот на 2017 и 2018 година, ХОПС спроведуваше и едукативни работилници на други теми во соработка со Одделението за превенција при СВР и со одржувањето на континуитетот ги потврдува долгогодишните заеднички напори за зајакнување на довербата во системот за заштита на сексуалните работници. Оваа тригодишна соработка е успех преточен и во овој проект, кој ја потикнува соработката помеѓу граѓанските органзиации и државните институции.
#стратешкопартнерство #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава #ЕУ #ОтворенаПорта