Eurasian Harm Reduction Association не замолува да помогнеме да ги поттикнеме пратениците во Парламентот- Сеимите од Литванија, да ги поддржат промените во политиките за дроги (проект за декриминализација) во Литванија и да го потпишат приложеното писмо.
До јануари 2017 година поседувањето психоактивни супстанции во мали количини во Литванија се сметало за административно дело, регулирано со Кодексот за административни престапи и како кривично дело, регулирано со Кривичниот законик. Имало таканаречени правни судири (судир на закони).
Во јануари 2017 година, набавката и поседувањето мала количина на недозволена дрога без намера да се дистрибуира станува дело што се казнува со општокорисна работа, ограничување на слободата, парична казна или апсење. Истото дело со повеќе од дефинирана мала количина, станало кривично дело за кое се казнува затвор до две години.
Во текот на изминатите 3 години, алармантните показатели покажале дека политиката за дрогите во Литванија е насочена само кон криминализација на луѓето кои користат дроги и поседуваат мали количини на дрога без намера да ги дистрибуираат. На пример, поседувањето недозволена материја во мали количини без намера за снабдување сочинувала 77% од сите прекршоци поврзани со дрога извршени во 2019 година. 63% од сторителите биле на возраст под 29 години. Помеѓу 2014 и 2019 година имало зголемување за 53, 9% од законите за дроги поврзани со прекршоци без намера да се дистрибуираат. Секоја година, околу 750 лица издржуваат казна затвор во затворите, што ја чини Литванија околу 10,5 милиони евра годишно. Во 2019 година, 21,7% од сите затвореници биле официјално дијагностицирани со ментални нарушувања и однесување поради употреба на дрога. Додека во затворите немаат услуги за намалување на штети и ограничен пристап до ОСТ.
Во моментов, Сеимите во Литванија размислуваат за декриминализација на мали количини на дроги за лична употреба. Граѓанското општество од Литванија бара поддршка од меѓународната заедница.
Доколку вашата организација сака да го поддржи писмото, пополнете го овој формулар пред 9-ти мај (до полноќ, по Вилнус). Писмото ќе им биде испратено на членовите на Сеимите пред последните сослушувања.
Во случај да имате прашања, не двоумете се да контактирате со eliza@harmreductioneurasia.org.