ПИН музичка конференција, која се оддржа од 30.11-02.12.2017 г. во Младински културен центар (МКЦ) во организација на Пасворд продукција од Скопје, беше вовед во неколкудневната програма на деветнаесетото издание на фестивалот „Таксират“. На конференцијата, која промовира музичари, музички продуценти, менаџери, музички новинари, агенти за резервации, промотери, претставници од најголемите музички фестивали во Европа и активисти на невладини организации, учествуваа над 60 артисти од Македонија и од Европа.
Во рамките на конференцијата се оддржа повеќе панел дискусии на различни теми, презентации и концерти. На конференцијата присуствуваа и претставници од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и за време на конференцијата оддржаа средба со претставник од Пасворд продукција, при што беа разменети импресии од овогодинешното изданије на Д ФЕСТИВАЛ , во кој ХОПС учестуваше со две работилници, но исто така беше заклучено дека постои простор за надградба и проширување на активностите во иднина.
Секако да ве потсетиме на нашата панел дискусија која ќе се одржи на 12.12.2017 година во Јавна соба и ќе биде на тема: Ноќен живот, дроги и намалување на штети.