ПичПрич не канат на традиционалната Пич Прич гала вечер на раскажување женски приказни која ќе се одржи во среда, 4 март во 20.00 часот во МНТ на тема ФАСАДА.
Свои приказни на темата ќе раскажат:
Лидија Димковска
Салија Бекир Халил
Жаклина Стефковска
Принцес Донацу
Зана Оџа (Косово)
Јелена Вељача (Хрватска)
Цената на билетите е 100 денари. Дел од износот потоа ќе биде дониран за Сигурната куќа за жртви од насилство.
Откако ќе ги слушнеме раскажувачките, на сцена ќе бидат доделени наградите на петте исклучително важни жени кои беа номинирани во рамки на иницијативата WoW награди во рамки на проектот Жени за жени/ Women on women, во партнерство со Mesto žensk VoxFeminae и Outlandish Theatre Platform кофинансиран од програмата Creative Europe на Европската Комисија.
Се замолува публиката да се облече како за на бал. Еве ви шанса да ги извадите од нафталин сите фустани и костими кои не сте имале прилика каде да ги покажете. Сите видови на чипки, ракавици, дијадеми и други светкави бижутерии се добредојдени.
Дизајн на постерот: Кома
ПичПрич е поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna