Тема на бројот: Дроги и Полиција
Полицијата често незаконски постапува со луѓето кои употребуваат дроги, Интервју со Наташа Бошкова
Пресудата од Стразбур е резултат на долгогодишна борба пред домашните институции и судови која започна од 2010 година да докажеме дека не може Полицијата да прави што сака со генетскиот материјал на луѓето и истовремено да ги убедиме судовите дека луѓето кои употребуваат дроги имаат исто така право на приватен живот, приватност што имаат обврска да ја штитат.
Полициските службеници исто така треба да го спречат и ригорозно да се спротивстават на секое кршење на законот и на меѓународните стандарди од страна на Полицијата. Полицискиот персонал, на сите нивоа, ќе биде лично одговорен и ќе сноси одговорност за сопствените акции или пропусти или за наредбите на подредените.
Автор: Јанаки Митровски
Овластувања или злоупотреби – постапување на Полицијата со корисниците на дроги
Имајќи ја предвид основната функција на Полицијата која се состои од заштита и почитување на човековите слободи и права, а истовремено спречување и откривање на казниви дела, како и гонење на нивните сторители, се создава „лизгав терен“, а со тоа и чести дилеми кај корисниците на дроги за границите на полициските овластувања и нивното евентуално пречекорување.
Авторка: Росана Богатинова
Полицијата го одржува јавниот ред и мир и се занимава со луѓе кои имаат недолично или насилно однесување, со сообраќајни незгоди, со вооружени престрелки и постојано се изложени на огромен ризик по животот.
Автор: Богдан Колев
Превенција и (зло)употреба на дроги во сообраќајот
Под мерки на превенција се подразбираат „мерки и активности на државни и други институции и органи со цел спречување на негативни општествени појави, како и забранети последици кои произлегуваат од овие појави“. Основните фактори кои ја одредуваат безбедноста на сообраќајот се човекот, возилото и патиштата, но со тоа и мерките за превентивно дејствување мора да бидат
насочени кон нив.
Авторка: Јасмина Пијанманова
Границите на истражувачката етика: меѓу доверливоста и вистинитоста
Со тоа што ги истражуваат маргинализираните заедници и нивните судири со законот, социолозите и културните антрополози ризикуваат од страна на истражуваните да бидат сфатени како прикриени полициски информатори, а од страна на властите како соучесници во опишаните кривични дела, особено доколку одбијат да ги обелоденат идентитетите на своите соговорници.
Авторка: Илина Јакимовска
Актуелната ситуација со канабисот во 2020 година во светот и во Македонија
Самиот чин на легализирање на канабисот придонесува да се случат одредени поместувања. Според последните истражувања во Канада и во некои сојузни американски држави (Колорадо и Орегон) се гледа тренд на намалување на користење на канабис од страна на младата популација, кој некаде оди дури до 50 % намалување. Но, она што е интересно е дека се зголемува бројот на корисници
на канабис кај постарата популација, лица во старосен ранг од 45 до 80 години (па и постари).
Автор: Филип Секулоски