Постоењето на безбедните соби за инјектирање на дроги им овозможува на луѓето кои користат дроги да го прават тоа во безбедна средина, со чиста опрема, и во присуство на медицински професионалци кои можат да ги спречат да страдаат од фатално предозирање. Исто така овие соби се покажале како помош во спречувањето на ширењето на вирусите што се пренесуваат преку крв, како што се ХИВ и хепатитис Ц.
Градскиот совет во Глазгов соопштил дека секој таков објект кој ќе го отворат мора да понуди “услуги за детска заштита[…] како што е примарна здравствена заштита, советување за зависности и совети за домување и социјална грижа” во овие соби.
Секоја соба за користење на дрога во Глазгов би можела да им помогне на околу 500 луѓе кои јавно коирстат дрога во градот и да се борат за намалување на стапката на ХИВ кај оваа популација која значително се зголемила во минатата година. Исто така, одреден начин би претставувала борба против смртните случаи поврзани со дрога во Шкотска, кои моментално се на високо ниво.
И покрај доказите за нивната ефикасност, идејата за воведување на овие соби во Глазгов се соочи со значителна осуда од луѓето кои се лути заради тоа што сметале дека нивните пари преку плаќањето на даноци за отворање на соби за користење на дроги верувале дека го поттикнуваат користењето на дрога.
Собите за користење на дрога би го подобриле општеството како целина.
1. Со отворањето на соби за користење на дрога се овозможува побезбедни улици
Помеѓу 2012 и 2013 година, на улиците на Глазгов биле пронајдени речиси 2.500 искористени игли, во парковите како и во близина на училиштата. Ова се смета првенствено како резултат на луѓе кои што инјектирале дроги на јавно место и немањето на достапно место за отпад каде што би можеле да се исфрлат употребените игли. Собите за безбедно инјектирање обезбедуваат хигиенски кутии за фрлање на отпад, така што глетките на расфрлани игли низ парковите и во близината на училиштата би исчезнале. За оние кои што се против отворањето на овие соби, се чинело дека детето кое се боцнало со искористена игла фрлена на игралиштето е само колатерална штета на моралниот крстоносен напад против употребата на дрога. Самата природа на собите за безбедно инјектирање ја подобрува јавната безбедност. Со отворањето на ваквите објекти за луѓето кои користат дроги за да конзумираат безбедно, шансите за ширење на зарази се многу помали.
2. Собите за безбедно користење на дроги го намалуваат ширењето на болести
Извештајот на Владата на Велика Британија за 2015 година покажал дека “околу половина од оние кои инјектираат психоактивни дроги се заразени со хепатитис Ц”. Покрај тоа, во Велика Британија луѓето кои некогаш инјектирале дрога имале околу три пати поголеми шанси да се заразат со ХИВ отколку оние кои не инјектирале. Собите би им обезбедиле на луѓето чисти игли и шприцеви во хигиенски средини, така што не би постоел ризик од заразување или ширење на инфекции внатре во објектот. Намалување на ризикот од заразување меѓу луѓе кои користат дроги би се намалил ризикот за целото општество, бидејќи таквите инфекции можат да се шират преку сексуални односи или породување.
3. Собите за безбедно користење на дроги би го подобриле пристапот до сервисите за итни случаи
Денес, ако некој страда од предозирање, се боцнал со употребена игла или станува насилен во јавност под влијание на дрога, службите за итна помош би биле испратени за да се соочат со ситуацијата на сметка на даночните обврзници. Ако и кога би се сличило во безбедните соби, обезбедувањето и здравствените професионалци во собите за безбедно инјектирање, би биле доволно обучени за да се соочат со такви ситуации, па полициските служби и службите за брза помош би добиле повеќе време и ресурси за да се справат со други итни случаи.
4. Собите за безбедно користење на дроги би можеле да го намалат криминалот
Полициските сили ширум Обединетото Кралство имаат недостаток на ресурси, заедно со Шкотската полиција особено се соочуваат со значајни јавни критики за слабата реакција за справувањето со насилните кривични дела. Со отворањето на собите за безбедно инјектирање, полицијата би можела да се посвети на сериозните кривични дела; на пример доколку куќа би била ограбена, најблиските службеници не би биле премногу зафатени со апсење на некој за поседување дрога. И, како што беше напоменато, овие соби би можеле да ја намалат фреквенцијата на луѓето под дејство на дрога кои предизвикуваат нарушувања на јавниот ред и мир.
5. Собите за безбедно користење на дроги би им помагале на луѓето да се интегрираат во легитимната економија
Овие соби би можело да ги решат проблемите кои се далеку од употребата на дрога. Тие би обезбедувале простор за решавање на структурните нееднаквости, како што се сиромаштијата или бездомништвото, а би можеле да им обезбедат на луѓето физички и ментални здравствени услуги. Односно постоењето на овие соби би помогнало за повторна интеграција во општеството на луѓето кои што користат дроги. Нема ништо во врска со употребата на дрога што по природа би го спречила некој да придонесе позитивна промена во општеството. Но, со присилување на стигмата врз луѓето кои користат дроги, тие луѓе се истуркани кон работ на општеството и им се негира секој чекор кон подобрување на својата иднина.
Иако насловот вели “пет причини”, постои и уште една последна причина зошто е важно отворањето на собите за безбедно инјкетирање која што не може да се игнорира.
6. Собите забезбедно користење на дроги спасуваат животи
Низ сите десет земји што ги имплементираа овие соби и со сите различни модели на имплементација, ниту една личност не умрела од предозирање со дрога. Оние кои што биле против отворањето на овие соби, тврделе дека треба фокусот да се стави на полесен пристап до третман за зависности и рехабилитација, наместо да дозволувањето употреба на дрога. Иако се покажале како успешни за некои луѓе, третманите за зависности и рехабилитација не смеат да бидат единствените опции. Несомнено е дека некои луѓе ќе употребуваат дрога, без оглед на тоа што политичарите, полицијата или здравствените работници тоа им го посочуваат дека е штетно по нивните животи. Најдоброто што би можело да се направи е осигурувањето дека тие би биле колку што е можно побезбедни и кога би користеле дроги и да бидат поддржувани ако на крајот се одлучиле да ја намалат нивната употреба или да апстинираат.
Ова е причината зошто собите за безбедно користење на дрога се важни: не би можело да се закрепне кога би биле мртви.