Европа претставува еден од регионите во светот со најголем број услуги за намалување на штети. Нема друг регион во светот каде повеќе од 90% од земјите имаат барем една локација за НСП или ОСТ, а повеќе од 90% од земјите упатуваат на намалување на штетата во нивните национални политики за дроги. Како и да е, стигмата и дискриминацијата кон луѓето кои користат дрога продолжуваат да постојат и многу е потребна поддршката и обезбедување пристап до услугите и реализирање на човековите права на сите различни групи на луѓе кои користат дроги.
Повеќе такви податоци може да се најдат исклучиво во вториот извештај “Civil Society Monitoring of Harm Reduction in Europe, 2020” објавен од Корелација – Европска мрежа за намалување на штети. Со вклучени повеќе од сто соработници и фокусни точки од 34 европски земји, извештајот има за цел да даде неопходен и корисен придонес во развојот на политиките за дроги во регионот.
Во споредба со извештајот од 2019 година, информациите дадени во 2020 година, ја извлекуваат во прв план ситуацијата во одредени градови или региони, покажувајќи ги искуствата на давателите на штети на терен. Исто така, носи директни перспективи на луѓето кои користат дрога. Овој значаен пристап треба да обезбеди разбирање за успесите и предизвиците на спроведувањето на политиката за дроги и намалување на штети.
На овој ЛИНК прочитајте го извештајот.