Рекреативно/повремено користење на дроги е популарна социо-културна практика, особено во контекст на музички настани и ноќен живот, помеѓу сите генерации па така и помеѓу младите луѓе. Новите трендови на употреба на дроги (легални и илегалани), мешање на различни видови дроги како и појавувањето на нови психоактивни супстанции и користењето на дроги секогаш со себе носи и ризици, па поради тоа дополонителни мерки на претпазливост се потребни што од корисничкa така и од страна на органзаторите на настаните. Во светот постојат бројни стратегии за намалување на ризиците асоцирани со рекреативната употреба на дроги, кои кај нас се слабо развиени.
Оваа панел дискусија има за цел презентирање на актуелни трендови, искуства како и потребата, бенефитите и предизвиците при спроведување на стратегии за намалување на штети во рамки на ноќен живот и музички настани, улогата на учесниците на настани, организаторите на настани и организации кои спроведуваат практики за намалување на штети, а се со цел подигање на нивото информираност, едуцираност како и на безбедност на настаните во услови кога се користат дроги. Посебен акцент ќе биде ставен на практични примери од регионот и од Европа.
Очекувајте интересни панелисти чии имиња ќе ги објавиме наскоро .
По дискусијата следува дружба во Јавна соба.