Овој паметен водич е брза референца за сексуалните работници и луѓето кои користат дроги, за да помогне да се разбере транзицијата од финансирањето на Глобалниот фонд. “Транзиција” е процес што се случува кога финансирање на Глобалниот фонд за програми (за ХИВ, туберкулоза и / или маларија) доаѓа до својот крај и земјите превземаат целосна одговорност за финансирање и спроведување на програмите без каква било надворешна поддршка од Глобалниот фонд.
Водичот објаснува што е процесот, како функционира и зошто се случува. Ги истакнува ризиците, како и (неколку) можности за одговорна транзиција, и предлага активности за вклучување во процесот на транзиција. Прирачникот е дизајниран да и помогне на заедницата да обезбеди континуирано програмирање на здравствените и социјалните грижи за сексуалните работници и лицата кои употребуваат дрога, откако Глобалниот фонд ќе си замине.
Содржините вклучуваат:
- Вовед.
- Што е транзиција и која е нејзината цел?
- Класификација на приходите на Светска Банка.
- Како Глобалниот фонд ја одредува подобноста.
- Кои се можностите за сексуалните работници и луѓето што користат дроги?
- Проценка на подготвеност за транзиција.
- Национални здравствени и болевни специфични стратешки планови (НСП).
- Работен план за транзиција.
- Приоритетно барање за распределба (PAAR).
- Барања за финансирање прилагодени на транзицијата.
Овој паметен водич е изготвен заеднички помеѓу NSWP и INPUD. Водичот можете да го превземете ОВДЕ.