Во почетокот на октомври, започна со работа во регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија (CEECA), нова регионална организација, Евроазиската асоцијација за намалување на штети (ЕХРА). Бидејќи ЕХРА е во рана фаза на нејзиниот развој, потребна и е поддршка за да застане на нозе – поддршка од заедницата, од партнери, од донатори.
Група доброволци иницираа писмо за потпишување, така што партнерските организации можат да ја искажат својата поддршка за новата асоцијација. Исто така, да испрати повик за потребната донаторска поддршка.Писмото е веќе потпишано од 93 организации и 14 лица.Ако вашата организација е подготвена да ја поддржи EHRA и да го ко-потпише ова писмо, испратете го на оваа е-адреса – losehra@gmail.com целото име на организацијата, името на лицето што потпишува и неговата позиција, како и логото на организацијата во JPG формат. Исто така, може да го потпишете писмото како поединец – за тоа ни треба вашето име, презиме и земја на живеење.
Прочитајте го писмото ОВДЕ.