Меѓународната служба за човекови права повикува на потпишување на отворено писмо до членовите на Генералното собрание на ООН, во кое се бара новото членство на Комитетот на UN за невладини организации да биде избрано преку конкурентен процес, каде би се избрале државите кои имаат историја за залагање за граѓанското општество.
Комитетот на ECOSOC е тело на ООН кое им препорачува на невладините организации за акредитација на ECOSOC, неопходен документ за невладините организации да можат да интервенираат во многу процеси на ООН.
Во последниве години Комитетот на ECOSOC, негира акредитација на многу невладини организации за човекови права. Апликацијата на DPNSEE (Мрежата за политики за дроги Југоисточна Европа- иницијатива на невладини организации од земјите од Југоисточна Европа. Во моментов, има 26 организации членки на мрежата кои доаѓаат од Албанија, Босна Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Северна Македонија, Грција, Косово*, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија), досега беше одложена 5 пати! Делумно, тоа се должи на сегашниот состав на Комитетот, кој е многу конзервативен.
Со оглед на тоа што треба да се одржат избори во април, важно е во следниот мандат Комитетот да биде составен од држави кои се поповолни за граѓанското општество, за да престане да делува како пречка за пристапот на НВО во ООН.
Исто така, силно ве охрабруваме да се потпишете на писмото користејќи го овој ЛИНК.