Четвртата Европска конференција за намалување на штети од употреба на дроги оваа година била одржана во Букурешт на 21-23 ноември. Погледнете го видео-извештајот направен од настанот – и прочитајте за некои од пораките што може да ги споделите со други лица.
1. Несигурност и популизам: Одржливоста на социјалните промени не е загарантирана
Во 2000-тите покривањето на програмите за намалување на штетите било далеку од адекватно во повеќето Европски земји, но се сметало дека се на добар пат за да ги прошируваат услугите на долг рок. Никој не очекувал дека 10 години подоцна многу професионалци ќе гледале на тој период како еден вид златна доба, со растечки фрустрации за сегашноста каде што ресурсите се ретки и политичката поддршка за намалување на штетите се намалувала во многу земји.
Големата поделба била глобалната криза во 2008 година. Скратувањето на средствата за социјална и здравствена заштита со цел државите да заштеделе од својот буџет, имало влијание дури и во економски понапредните земји, растечкиот економски очај, бездомништво и други слични проблеми.
Оваа вознемиреност создала плодна почва за популистички движења, не само за намалувањето на штети како пристап кон дрогата, туку и за принципите на еднаквост, солидарност и човекови права.
Овој неуспех се смета дека е едно потсетување дека иако со намалувањето на штетата се постигнало огромен успех од самите почетоци во 80-тите, одржливоста на социјалните промени не е загарантирана, а борбата е далеку од завршена.
2. Криза на исток: слабоста на ЕУ
Кризата имала најголеми катастрофални последици во Грција и некои од новите источни членки на ЕУ, земји со помалку ресурси и послаби демократски институции. Во некои од овие земји, Глобалниот фонд го помагал развојот на програмите за намалување на штети се додека не дошло до економска криза, а богатите земји-донатори одлучиле да го намалат својот буџет.
Откако станале неподобни за финансирање на ГФ, услугите за намалување на штетите брзо се срушиле, покажувајќи ја ранливоста и кревкоста на системите за нега кои биле единствено зависни од меѓународната поддршка. Но, имало и големи буџетски намалувања дури и во оние земји каде што постоела национална шема за финансирање на услуги за намалување на штети, како на пример Словачка и Унгарија.
Од десетици илјади корисници на дроги кои инјектираат, повеќето од нив живеле во длабока сиромаштија, останале без пристап до какви било услуги, станале невидливи со нивните страдања и трагедии. Епидемиите на ХИВ и хепатитис Ц биле потсетници за донесувачите на одлуки што се случува кога би ги немало програмите за намалувањето на штетите – но тие не воделе грижа за овие проблеми.
Европската Унија се покажала како успешна во креирањето на итна легислатива за забрана на нови супстанции (со сомнително влијание врз пазарот на дроги), но не била во можност да даде брз одговор на итните случаеви поврзани со дрогите и со јавното здравје.
И покрај номиналното одобрување на прогресивната стратегија и акционен план за дрога на ЕУ, многу земји-членки продолжиле да ги извршуваат нивните репресивни, апстинентни политики за дрога и не ја зголемиле поддршката за намалување на штети.
3. Подготвеноста за справување со предозирање е задолжителна
На епидемијата на предозирање во Северна Америка (погледнете го најновиот филм од Канада!) се гледало со зголемена загриженост од страна на луѓето кои користат дроги и професионални помошници од Европа.
Освен Естонија, земја која страдала од последиците од предозирање поради употребата на фентанил, не била забележана епидемија на предозирање на овој континент. Сепак, примерот на локална епидемија во Глазгов е показател дека оваа ситуација може набрзо да се промени.
Деривати на фентанил значеле овозможување на профитабилна деловна можност за трговците со дрога: тие биле лесни за шверцување и биле многу профитабилни. Европа мора да биде подготвена за можна епидемија на предозирање. Иако некои креатори на политики верувале дека со забраната на нови супстанции би можеле да го заштитат општеството од овие дроги, вистината е дека ова е илузија. Европа воопшто не е подготвена.
Добрата вест е дека им е познато што е клучот за спречување на предозирање: Обезбедување на луѓето кои употребуваат дроги (и нивните пријатели / семејства) со Налоксон, антидот за предозирање со хероин и овозможувањето на обука за како да го користат.
Отворањето на простории за безбедна иупотреба на дроги каде што луѓето ќе можат да користат дрога под надзор и стручна грижа (простории за консумирање дрога). Созадавње на програми за проверка на квалитетот и составот на дрогата достапни за луѓе кои користат дроги. Воведување на превенција од предозирање во програмите за рехабилитација и во затворите.
Од оваа конференција може да се научи дека во многу европски земји пристапот до Налоксон е ограничен, а само мал број земји обезбедуваат пристап до простории за консумирање дрога и проверка на дрога.
Останатите заклучоци извадени од оваа Конференција може во целост да ги прочитате ТУКА.