Дроги – Политики и практики
Тема на бројот – Млади и дроги
С О Д Р Ж И Н А
Воведен збор: Женскиот глас за ефикасни програми за жените кои употребуваат дроги
Во Европа речиси една четвртина од луѓето кои развиле сериозни проблеми предизвикани од употребата на дроги се жени. Во просек, жените се јавуваат како една на секои тројца мажи кои влегуваат во третман, а еден од пет смртни случаи предизвикани од употреба на дроги се жени. Авторка: Ирена Цветковиќ
Жена може да користи дроги и да успее во животот – да биде мајка, да оди на работа – Интервју со Е.
Е. е жена со долгогодишно искуство на употреба на разновидни дроги, но зависна само од опијати. Веќе подолго време не употребува дроги и прима супституциска терапија со метадон. Во меѓувреме работи и самостојно се грижи за своето неколкугодишно дете. Забележливо беше дека не ѝ беше лесно отворено да ги изрази своите чувства, особено во разговор со маж, но сепак се согласи да разговараме радосна што има можност да ги сподели своите искуства како жена која има искуство со употреба на дроги. Е. искрено се надева дека нејзиното сведоштво ќе помогне да се привлече вниманието на надлежните институции за да им се овозможи поголема помош на девојките и на жените кои употребуваат дроги. А според нејзините искуства, но и според нејзините сознанија за искуствата на други девојки и жени, навистина има потреба од воведување специфични родово ориентирани услуги за девојките и за жените кои употребуваат дроги. Разговорот го водеше: Вања Димитриевски
Употреба на психоактивни супстанции во периодот на бременост и влијанието врз плодот
Кај опиоидната зависност супституцискиот третман со метадон се препорачува за подобро да се контролира состојбата на зависност отколку да се доведуваат во ризик жената и плодот за време на апстиненцијалните кризи кои се дополнителен стрес за обете. Автор: Давор Смиланов
Формирање групи на корисници на дроги – умешноста на организирање на корисниците на дроги
Мет Сaутвел го опишува техничкиот модел за формирање групи на корисници на дроги заснован на непосредното искуство на Коакт, заедница за техничка поддршка предводена од врсници и споделеното искуство на другите вклучени во раководење или поддршка на мобилизација на заедницата меѓу луѓето кои користат дроги.
Р. имаше 16 години кога дојде да побара помош од ХОПС. Во тоа време инјектираше дроги и дојде кај нас за да побара помош за лекување на зависноста од опијати. И тука започна макотрпниот пат низ институционалните лавиринти. Авторка: Силвана Наумова
Во согласност со член 193 од Законот за извршување на санкции во текот на целото издржување на казната, а со зголемен интензитет во последните три месеци, пред отпуштање од затвор „потребно е да се превземат активности за подготовка за отпуштање на осудени лица и нивно прилагодување за живот на слобода“. И покрај ова, често се случува од затвор да се отпуштаат луѓе без документи за лична идентификација и без соодветно регулирано здравствено осигурување. Авторка: Маргарита Глигуроска
31 Aвгуст – Меѓународен ден за подигање на свеста од предозирање со дроги
Долги години наназад истражувањата укажуваат на ограничената достапност на налоксонот во Република Македонија, што доведува до чести случаи на смрт од предозираност. Во смисла на позитивната обврска на државата потребно е да се усвои правна рамка што ќе овозможи континуирана достапност и лесна пристапност до налоксонот како блокатор на опиоиди при опијатно предозирање. Авторка: Ирена Јовановска
Во чест на жртвите од предозирање со дроги – сведоштва на роднини и на пријатели
По повод 31 Август – Меѓународниот ден за подигање на свеста од предозирање со дроги, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот покрена акција на интернет за споделување на искуства со предозирање. Немаше многу сведоштва, но акцијата привлече многу внимание за достојно одбележување на денот и за поттикнување на свеста за предозирање со дроги. Во продолжение се изнесени дел од сведоштвата на луѓето кои се охрабрија јавно да ги изложат чувствата за жртвите на институционалната незаинтересираност за предозирањето од дроги. Уредила: Ирена Јовановска
Истакнати жени од областа на дрогите
Куси портрети на Ен Шулгин, Бети Ајзнер, Џули Холанд и Марија Сабина. Уредил: Давор Смиланов