Осмо фестивалско издание на „Прво па женско“

0

Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО #8

– Жените се малцинство –

// МКЦ // Монтажна галерија – парк на франкофонија // МСУ

Оваа година, фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО застанува цврсто зад транспарентот: Жените се малцинство. Со ваквото политичко позиционирање имаме за цел да го преиспитаме значењето на терминот „малцинство“, свесно одбегнувајќи ја неговата национална, доминантна претпоставеност. Сакаме да посочиме дека во значењето на овој поим многу поважни се, всушност, односите на моќ помеѓу најразличните општествени групи, како и доминацијата на едни врз други. Таквата доминација секојдневно се случува преку вкоренети штетни политички уредувања и општествени норми, кои подразбираат дискриминација на мноштво идентитети што не се вклопуваат во идеалот што му е припишан на хегемониското мнозинство. Токму затоа, прашањето за малцинствата е и феминистичко прашање.

Целата програма е замислена да одговори на протоколите пропишани за одржување на јавни настани заради состојбата со пандемијата, каде ние како организатори во соработка со институциите, ќе внимаваме да се почитуваат целосно.

Значителен дел од програмата на овој фестивал спаѓа во рамките на Women on Women (WoW) проектот – кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Комисија, што Tiiiit! Inc. го спроведува заедно со Mesto žensk од Љубљана, К-Zona/VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин. Проектот се фокусира на родовата еднаквост низ феминистичка перспектива, трасирајќи го наследството на жените (жени, трансродови и интерсекс луѓе кои се идентификуваат како жени), особено низ интерсекциска перспектива, како и перспектива на различностите.

Со своето осмо издание, ПРВО ПА ЖЕНСКО започнува посветено да ја реализира својата зелена агенда и преку конкретни акции да го промовира прашањето за заштита на животната средина, кое е несомнено и феминистичко прашање.

Визуелното решение за осмото издание на фестивалот, ни го подари интердисциплинарната уметница и архитектка Тамара Забазноска/Tam Ryn, на што сме ѝ особено благодарни.

Осмото издание на Прво па женско е поддржано од: Програмата на Креативна Европа на Европската Комисија/ Creative Europe, Министерство за култура / Ministria e Kulturës, FRIDA | The Young Feminist Fund и Град Скопје.

Нашите соработници, некои од нив со нас и од првото издание на фестивалот се: Младински Културен Центар, Iskra Tourbooking, MOT theatre festival , Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje, PrivatePrint, Od nula do nula – Од нула до нула и Period. The Menstrual Movement Skopje.

*******

Програма

17.08.2020 – понеделник
21:00 МКЦ галерија – Изложба: Ничии прагови конкретно – Elena Chemerska и Ivana Mirchevska
22:00 МКЦ плато – Концерт: Dimitra

18.08.2020 – вторник
20:30 МКЦ плато – Разговор што може(ше) да биде перформанс: Непосредност во криза
22:00 МКЦ плато – Концерт: Hana, Dolores и Јоана

20.08. 2020 – четврток
18:00 Град Скопје – Мапирање на женско културно наследство: Скопје 2020 (ж.) со Ивана Драгшиќ
20:30 ЦАЦ Мобилна галерија, Парк на Франкофонијата – Младинска програма со Period. The Menstrual Movement Skopje: Проекција на едукативен филм и форум дискусија

22.08.2020 – сабота
20:00 МСУ плато – PrivatePrint промоција: 15 horror stories by women workers на Kristina Bozurska
21:00 МСУ плато – Проекција на филм: „Писма 1“ и „Писма 2“ на Ана Павловиќ
22:30 МСУ плато – Диџеј сет: DIAH

23.08.2020 – недела
20:00 МСУ – Изложба: Без простор – Selman Selma
21:00 МСУ плато – Диџеј сет: Дiskorдia

Деталната програма може да ја проследите на следниот линк:
https://tiiiitinc.com/mk/festivali/prikaz/18/prvo-pa-zhensko-8

ENGLISH program of the festival is on the following link:
https://tiiiitinc.com/en/festivals/show/18/prvo-pa-zhensko-8

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.