Датум | 23 декември (среда) со почеток од 18.30 часот Влез| онлајн на Фејсбук страната на ХОПС
Декриминализација или легализација на канабисот? Кој модел е најсоодветен за Македонија? Кои се позитивните искуства од земјите како Португалија и Холандија, кои поодамна го имаат усвоено моделот на декриминализација и успешно го применуваат? Зошто на пример, е намален бројот на лица кои употребуваат опијати во овие земји, намалена е смртноста на лицата кои употребуваат дроги или пак инциденцата на #ХИВ и #хепатит? Кои се придобивките од здравствен аспект на овие модели?
Разговорот ќе го води и модерира Наташа Бошкова – адвокатка, додека ќе учествуваат експертите: Д-р. Нико Беќаровски Клиника за Токсикологија, Огнен Узуновски – Операција Ослободување, Влатко Деков- ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Доколку имате прашања на темата, ќе може да ги поставите во коментари или во директна порака на Фејсбук страната на ХОПС.
Онлајн разговорот е реализиран во рамките на Проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот и Здружение за правна едукација и транспарентност – Станица ПЕТ, финансиски поддржан од Европската Унија.
Содржините на онлајн разговорот се единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не ги изразува гледиштата на Европската Унија.“