На 26 јуни повторно сме дел од кампањата Support. Don’t Punish., а со тоа го имаме вториот онлајн разговор кој ќе започне на Фејсбук страната на ХОПС во 19 часот, каде во коментари ќе можете да ги поставувате вашите прашања.
Зошто е потребно да постојат програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Колку животи спасуваат овие програми? Дали Владата и некои од општините ќе останат на определбата за нивно финансирање? Дали иницијативата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за зголемено финансирање на овие програми преку средствата кои министерството за здравство ги добива од акцизите за алкохол, пиво и цигари ќе добие поддршка од министерството?
Ова се само дел од прашањата на кои ќе ги дискутираат Венко Филипче / Mинистер за здравство во Владата на Република Северна Македонија, Г-ѓа Елеонора Панчевска Николовска, раководител на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Влатко Деков, менаџер за застапување во ХОПС, Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и одговорен за мониторинг на Програмите за намалување на штети и модератор Наташа Бошкова- правничка и адвокатка.