Невладината организација Re Generation, со поддршка на Евроазиското здружение за намалување на штети, ЕРА – ЛГБТИ здружение за еднакви права за Западен Балкан и Турција и DPNSEE, нѐ канат да учествуваме на онлајн дискусија „Употреба на нови психоактивни супстанции во Западен Балкан и Југоисточна Европа, предизвици, потреби и можности”.
Оваа година, ЕХРА и Факултетот за правни науки, Универзитетот Свонси го презедоа проектот „Нова употреба на психоактивни супстанции во Молдавија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Грузија и Србија“ со цел да се создаде попрецизна слика за употребата на нови психоактивни супстанции и да се проценат одговорите за намалување на штетата и спроведувањето на законот за новонастанатите прашања поврзани со употребата на НПС. Покрај тоа, ЕХРА го финансираше проектот #DAZNAMŠTARADIM имплементиран од невладината организација Re Generation. Двете акции создадоа подетална слика за тоа кои се специфичните прашања поврзани со НПС во Србија. Тие веруваат дека овие прашања треба да бидат соопштени и дискутирани меѓу граѓанските организации во регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа.