Швајцарија го промени казнениот код, односно од сега лицата кои што се хомофобични или трансфобични кон некое друго лице ќе се соочат со истата казна како да се однесувале расистички кон истите.
Националниот Суд во Швајцарија, со 118-60 гласа, ја изгласаа промената на казнениот код, и оние луѓе кои што ќе го прекршат овој закон ќе се соочат со казна затвор и до три години.
Матија Рејнард, кој го предложи овој закон, го прослави својот успех. Тој на социјалната мрежа Твитер напиша „Победа! Со 118 гласа ЗА, 60 против и 5 воздржани, Националниот Суд ја прифати парламентарната иницијатива против хомофобијата и трансфобијата!”
„Одличен успех за човековите права! Конечниот одговор ќе биде во Декември, во Советот на Држави.” Тој го заврши својот пост со хаштагот ЛГБТ и со емотиконот знамето на гордоста.
По завршувањето на гласањето, Рејнард изјави: „Хомофобијата не е опција. Таа е криминал. Еден од пет хомосексуалци извршиле самоубиство, половина пред навршување на 20 години. Оваа победа пренесува силна порака. Јас, досега примив стотина реакции.”
Говорејќи на Ле Темпс, Рене Шег, генералниот секретар на ЛГБТ групата Розев Крст, изјави: „Оваа одлука е значаен чекор. Ќе ја донесе Швајцарија на рејтинг листата за Интернационална Асоцијација на ЛГБТ лицата, каде што нашата земја моментално е рангирана на 22 место, веднаш позади Естонија и Унгарија”
По победата на Рејнард, тој потврди дека планира да ја воведе и брачната еднаквост во Швајцарија. Уште од 2—7, државата понуди цивилни партнерства, но истополовите парови не ги уживаат истите права кога станува збор за даноци, плодност, благосостојба и посвојување.